Благосостојба на животните

Dobrobit životinja

Благосостојбата на животните е важен дел од одржливото земјоделство.


Силната поврзаност меѓу луѓето и животните во Западниот Балкан потекнува од долгата традиција на сточарство во овие области. Во овој дел од Европа сè уште може да се видат овчарки или овчари, кои чуваат стада овци или крда говеда, секогаш придружени со верните овчарски кучиња.

Благосостојбата на животните е дел од добрата земјоделска практика и тесно е поврзана со постигнување на поголема продуктивност на животните и поголема добивка, односно помали загуби и трошоци поради болести и повреди на животните.

Интензивните земјоделски практики кои ја нарушуваат благосостојбата на фармските животни директно влијаат на зголемените емисии на стакленички гасови кои се главната причина за климатските промени, уништувањето на природните живеалишта на дивите видови преку проширувањето на земјоделските површини за одгледување на градинарски култури потребни за исхрана на фармските животни во интензивни системи, како и употребата и загадувањето на водните ресурси во околните фарми со голем број на животни (Организација на ОН за храна и земјоделство - FAO, 2006).

18% од емисиите на стакленички гасови предизвикани се од интензивното одгледување добиток - повеќе од сообраќај(Организација на ОН за храна и земјоделство - FAO, 2006).

"Благосостојбата на животните покажува како животното реагира на условите во кои живее. Животното има добра здравствена состојба кога е здраво, ухрането, безбедно, способно да се однесува природно, ако му е удобно и кога не страда поради непријатни состојби како што се болка, страв и стрес "(Светска организација за здравје на животните - OIE, 2017 )

Меѓународно признатиот концепт на "Пет слобода" може да послужи како корисен водич за проценка на благосостојбата на животните.

      1. Слобода од глад и жед преку обезбедување на доволни количества на квалитетна храна и свежа вода;
      2. Слобода од непријатност преку обезбедување на соодветно засолниште и место за одмор;
      3. Слобода од болка, повреди и болести преку обезбедување на брза и соодветна ветеринарна заштита и превентивна здравствена заштита;
      4. Слобода од страв и стрес преку обезбедување на услови и постапки кои не доведуваат до ментално страдање на животното;
      5. Слобода на изразување на основните форми на однесување карактеристични за видот преку обезбедување на доволно простор, соодветни капацитети за чување на животни и соодветно друштво на животни од ист вид.

Концептот „Пет слобода“е вграден во основите на сите меѓународни и национални прописи кои се однесуваат на благосостојбата на животните.

Во многуте рурални области, опстанокот на малите, и не толку имотни земјоделци, директно е поврзан со опстанокот и здравјето на животните кои ги одгледуваат, како и со квалитетот на производите од животинскопотекло.

Големите придобивки од ефикасноста може да се остварат преку подобрување на производството на малите фарми преку подобрената исхрана, избор на раси на добиток што добро реагираат на локалната клима, со обезбедување на соодветна ветеринарна заштита и со таквата производна практикакоја на животните им обезбедува задоволување на потребите во однесувањето,односно намалување напотенцијалот за стрес и повреди.

Благосостојбата на фармските животни е важен и неизбежен дел од одржливото земјоделство.

Многу фактори придонесуваат за производство на безбедна и здрава храна, но здравјето и благосостојбата на животните се од најголема важност (Светска организација за здравје на животните, OIE)

Одржливото земјоделство мора да биде одржливо и во сточарското производство. Колку се условите за чување на животни подобри, подобра е и нивната благосостојба. Со тоа додадената вредност на производите од овие животни се зголемува, а тоа има позитивно влијание и на општата здравствена состојба на животните и на приходите на земјоделците.

Од 1950-те години, сточарството и сточарските практики брзо се менуваа за да се зголеми обемот на производство,а тоа доведе и до примена на некои нови земјоделски практики. Во индустриските фарми голем број на животни се чуваат во услови кои негативно влијаат на нивната благосостојба. Пример за ова се млечните крави, кои по две или три години на интензивна молзење многу често се исклучуваат од производството поради лошата здравствена состојба (честопати доаѓа до развој на маститис или на тромост). Оваа земјоделска практика не е одржлива, особено за малите и средни земјоделски фарми.

Фактот дека животните се свесни суштества кои се способни да чувствуваат болка и страдање во индустриските услови, во голема мера е занемарен. Животните често не се во можност да покажат нормално однесување, а просторот во кој се чуваат често е толку ограничен што го спречува животното да застане или да се сврти. Примери за ова чување се теснитебоксови за одгледување на телиња, бројлери и батериските кафези за несилките, потоа малиот, ограничен простор за приплодни маторици и многу други.

Користи од добрата состојба на благосостојбата на животните

УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Научните истражувања од водечките светски експерти за здравјето на луѓето и животните покажаа дека интензивните сточарски имаат директни последици по човековото здравје.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Постигнувањето на високите стандарди во областа на благосостојбата на животните позитивно влијание на зајакнувањето на конкурентноста на производите од животинско потекло на домашниот и на европскиот пазар, а со самото тоа и на одржливиот рурален развој (Медиумски истражувачки центар, 2012 година).

Луѓето кои на своите животни им обезбедуваат добра благосостојба ќе имаат повеќекратна корист од тоа. Со соодветната грижа и со обезбедувањето на неопходните ветеринарни грижи за фармските животни, се намалува ризикот од пренесување на болести заеднички за луѓето и за животните (туберкулоза, тетанус, беснило, ебола, трихинелоза, пегава треска и многу други). Многу паразити за кои се сметаше дека се под контрола се почестоповторно се појавуваат, бидејќи животните се чуваат во услови кои одговараат за развој и ширење на овие паразити, како и на многу други болести. Ова води кон се почеста употреба на антибиотици и антипаразитици за да се избегне смрт. Научните истражувања на водечките светски експерти од областа на здравјето на луѓето и животните покажаа дека прекумерна употреба на антибиотици и хормони во сточарското производство има директно влијание врз човековото здравје.

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И
РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Приходот, социјалниот статус и безбедноста, храната и облеката на околу една милијарда луѓе се директно зависни од животните, па токму поради тоа благосостојбата на овие животни е од суштинско значење за нивното издржување (FАО, 2008).

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Грижата за благосостојбата на фармските животни влијае на намалувањето на економските загуби од лошите производни практики, односно влијае на растот на извозниот потенцијал на прехранбените производи коиод аспект на благосостојбата на животните, ги задоволуваат високите барања на потрошувачите. Во многу локални заедници, особено селски, опстанокот на земјоделците зависи од квалитетот на производот од животинско потекло, кој се пласира на пазарот, а квалитетот на овие производи зависи од здравјето на самите животни. Високите стандарди за благосостојба на животните влијаат на зголемувањето на квалитетот на производите, кои се поконкурентни на пазарот, потрошувачите повеќе ги бараат, ина земјоделците им носат поголема добивка, а со тоа и подобра позиција. Земјоделецот кој ги одгледува своите животни почитувајќи ги високите стандардиза благосостојба на животните, произведува поквалитетно месо, млеко и јајца кои потрошувачите со задоволство ги купуваат. Високиот квалитет на овие производи значи конкурентност и дава можност за зголемување на извозот, што директно влијае и на создавањето на нови работни места.

ЕВРОПСКИ
ИНТЕГРАЦИИ

Европската унија ја препознава важноста на благосостојбата на животните во однос на безбедноста на храната, како и развојот на конкурентно одржливото земјоделство.

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Постигнувањето високи стандарди за благосостојба на животните има позитивно влијание врз зајакнувањето на конкурентноста на производите од животинско потекло на домашниот и на европскиот пазар, а со тоа и на одржливиот рурален развој (Медиумски истражувачки центар, 2012).

Еден од основните принципи на легислативата во Европската Унија, која се однесува на заштита на животните е да не се изложуваат на непотребна болка или тортура. Ова се рефлектира во јасни прописи,кои се однесуваат на условите под кои може да се одгледуваат домашните животни, како и под кои услови може да се транспортираат и во какви фарми да се колат. Овие правила постојано се ажурираат во согласност со постојаното унапредување на научните сознанија и се едни од најригорозните во светот.

Кога Лисабонскиот договорвлезе во сила 2009. година, го дополни "Договорот за функционирање на Европската Унија" и го воведе признавањето дека животните се чувствителни суштества. Членот 13 од поглавјето II наведува дека:

"При формулирањето и спроведувањето на развојот на земјоделството, рибарството, транспортот, внатрешниот пазар, истражувањето и технологиите, како и политиките поврзани со Вселената, Европската унија и земјитечленки, земајќи предвид дека животните се чувствителни суштества, целосно ќе ги земат предвид потребите за заштита на благосостојбата на животните, притоа почитувајќи ги законодавните или административните одредби и обичаи на земјитечленки, кои се однесуваат на верските обредии, културните традиции и регионалното наследство".



Top