ИНТЕНЗИВНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Intenzivna poljoprivreda

Плодната почва низ светот исчезнува со стапка од 12 милиони хектари годишно, но ова не е единствената последица на интензивно земјоделско производство.


Паралелно со индустриската револуција во 19. век, а особено на почетокот на 20. век, се забележува ненадејно зголемување на интензитетот на земјоделското производство. Тогаш во земјоделските практики поврзани со земјоделството, беа воведени тешка механизација и употреба на големи количества на пестициди и минерални ѓубрива, со цел зголемување на приносот по единица површина. Слично се случило и во сточарството. Откривањето на витамините и нивната улога во исхраната на животните на почетокот на 20. век овозможило одгледување на животни во затворени објекти, а откривањето на антибиотици и вакцини, дополнително го олеснило одгледувањето на голем број животни во помал простор, со редукција на болести.

Употребата на пестициди на почетокот делуваше како корисна и примамлива пракса поради контролата и сузбивањето на штетните организми, при што значително се намалија загубите на приносот, но во меѓувреме откриени се многубројни последици се создаваат поради употребата на пестициди на животната средина и на дивиот растителен и животински свет.

Од друга страна, многуте корови и предизвикувачи на болести со текот на времето стекнаа отпорност на пестицидите, при што земјоделците се принудени да користат сепотоксични хемикалии и во зголемена количина.

Интензификацијата на земјоделството во смисол на сточарско производство подразбира чување на голем број животни на ограничен простор. Многу паразити за кои се мислеше дека се под контрола се почесто повторно се појавуваат, поради тоа што животните се чуваат во услови кои одговараат за развој и ширење на овие паразити, но и на многу други предизвикувачи на болести.

Ова доведува до се почеста употреба на паразитици и антибиотици за да не се појават смртни случаи.Научните истражувања од водечките светски експерти за здравјето на луѓето и животните покажаа дека прекумерното користење на антибиотици и хормони во сточарското производството има директни последици за здравјето на луѓето.

Преку 98% инсектициди и 95% хербициди ги уништуваат или видовите кои не се штетни (ненамерно уништување на природни непријатели штетници) или овие материи доспеваат во водата, воздухот, почватаи ги загадуваат.

Кокошките несилки во бактериските кафези носат јајца максимум 18 месеци, а во услови во кои им се овозможува слободно движење нивната продуктивност трае и до пет години.

Од друга страна, животните во овие услови не можат да ги искажат своите основни потреби во однесувањето и затоа често се случува да станат агресивни при што може да дојде до меѓусебно повредување. За да го спречат ова фармерите превентивно отстрануваат делови од телата на животните, на пример клуновите кај живината или опашките кај свињите. Животните кои се одгледуваат на овој начин значително пократко се задржуваат во производстве ниот процес во однос на оние кои се одгледуваат на неинтензивен начин.

Погледнете како интензивното земјоделство влијае на почвата, водата, воздухот и дивиот свет:

ПОЧВА

1/3 од светската плодна почва е изгубена, и понатаму исчезнува со стапка од 12 милиони хектари годишно. (WWF)

ПОЧВА

Здравата и квалитетна почва е важна како за сточарското, така и за земјоделското производство,од неа зависат 90% од вкупното производство на храна, влакна и гориво. Почвата е важна и за здравјето на екоситемот затоа што ја прочистува водата и го поддржува биодиверзитетот. Праксата на интензивно земјоделско производство доведува до деградации, загадувања и намалување на плодноста на почвата:


      1. сè почесто и пообемно прскање на пестициди резултира со промена на хемискиот состав на почвата, a пестицидите покрај штетниците ги уништуваат и другите видови на корисни растенија и животни на третираното подрчје;
      2. со интензивното пасење на добитокот, кога сточарите дозволуваат присуство на голем број на животни на ограничен дел од пасиштето, доаѓа до брзо губење на вегетацијата и до набивање на почвата со газење. Од почвата без вегетација подлежи на исчезнувањена најплодниот, горен слој.
      3. со интензивнотоодгледување на култивирани растенија се предизвикува забрзано исрпување на хранливите материи од почвата со што се предизвикува губење наплодноста.
      4. со елиминацијата на околната грмушеста вегетација и и на дрвенестите растенија од земјоделските земјишта, истите подлежат на ерозија.

Сите овие интензивни пракси значително ја намалуваат вредноста на земјоделската почва, која во еден момент повеќе нема да може да се користи за понатамошно земјоделско производство.

ВОДА

Потрошувачката на вода двојно ќе се зголеми на секои дваесет години. Тоа е два пати повеќе од стапката на пораст на светското население Consumer Federation of America)

ВОДА

Интензивното земјоделство бара потрошувачка на огромни количества на вода. Потребите за вода во земјоделството се 70% од глобалната употреба на вода, а во многу помалку развиени земји и преку 90%.


Главни причини за голема потрошувачка на вода во интензивното земјоделство се:

      1. лоши и неодржувани системи за наводнување, што предизвикува истекување на вода;
      2. расипнички методи на наводнување на културите на земјоделските почви;
      3. одгледување на култури кои не се прилагодени на условите на локалната клима и кои бараат дополнително наводнување.

За производство на еден килограм пченица потребни се околу 1300 литри вода, за производство на една кришка леб од 30 g потребни се околу 40 литри вода, (за суровината и за процесот на обработка); aко на таа кришка леб се стави сирење од 10 g тогаш тоа заедно во производството бара околу 90 литри вода. (Светска конференција за води, 2008.)

Проценка на експертите дека во светски размери, потрошувачката на вода на секој дваесет години двојно ќе се зголеми, а тоа е два пати повеќе од стапката на пораст на светското население. Ова е јасна илустрација на неодржливоста на интензивното земјоделско производство.

Втората важна последица одинтензивното земјоделство на водата е загадувањето. Проблемите се јавуваат поради несоодветно користење на различни хемиски средства (пестициди и минерални ѓубрива) во земјоделско производствопри што големи количества на загадувачки материи доспеваат во почвата, површинските и подземните води. Големото загадување на водените текови најчесто потекнува од сточарските фарми и од кланиците. Последици од тоа се: eутрофикација и „цветање“ на водата поради прекумерно размножување на алгите, загадување на водните ресурси кои се користат за пиење, пресушување на водните тела при што изумираат многу видови на растенија и животни и негативно влијание на здравјето на луѓето и животните.

ВОЗДУХ И КЛИМА

18% eмитувани гасови со ефект на стаклена градина предизвикани се од интензивното сточарско производство –повеќе од сообраќајот(FAO, 2006).

ВОЗДУХ И КЛИМА

10% од вкупното количество на стакленички гасови, емитувани во Европската Унија во текот на 2012. година потекнуваат од земјоделството (Европска aгенција за заштита на животната средина). Најголемиот глобален еколошки дел на јаглерод, суровини и вода, доаѓа од индустријата за месо и млеко. Во однос на емисиите на стакленички гасови (од кои најзначајни се јаглероддиоксид и метан), сточарството и производството на на фуражни производи, секоја за себе, генерираат три милиони јаглероддиоксид, додека транспортот на животни и растенија, односно преработката подразбираат само мал дел емисии во врска со храната.

Jасно е дека земјоделството придонесува за климатските промени, но во исто време тоа е погодено од нив. Toплите температури на воздухот, веќе влијаеа на должината на сезоната на растење на растенијата. Сезоната на цветање и жнеењеза многуте житни културинастапува неколку дена порано отколку што е вообичаено досега. Се очекува во многу региони и во иднина овие промени да продолжат.


Се поприсутните проблеми во врска со климатските промени вклучуваат:

      1. eкстремни суши и намалено количество на дожд и достапност на вода која може негативно да влијае на приносите (карактеристично за јужна Европа);
      2. промена на температурите и на сезоната за растење на растенијата може да влијае на ширењето на некои инсекти, корови, болести кои дополнително можат негативно да влијаат на приносите.
      3. промена на распространување на некои риби, веќе се случува во северноисточниот Атлантик. Toа има огромно негативно влијание на локалните заедници на кои им се главен извор за храна. Топлите температури може да поттикнат појава на инвазивни видови кои создаваат дополнителен притисок наресурсите.
      4. зголеменото количество на стакленички гасовиво атмосферата може да доведе до нарушување на озонската обвивка и до создавање на кисели дождови кои сефатални за сите земјоделски системи.
БИОЛОШКА
РАЗНОВИДНОСТ

Бројот на честите видови на птици на земјоделските живеалишта намален е речиси за 50% во последниве 30 години (Пан-европска заедничка шема за мониторинг на птици, 2013).

BIOLOŠKA RAZNOVRSNOST

Една од највидливите последици од интензивното земјоделство е трансформирањето на природните живеалишта во интензивни земјоделски системи. Преку 50% од светските природни живеалишта веќе се претворени во земјоделско земјиште, кое не престанува да се шири. Oва предизвикува изумирање на голем број на видови или драстично намалување на нивната популација. Од друга страна, покрај природните традиционалните екстензивни земјоделски обезбедуваат важни живеалишта за многу диви растителни и животински видови. Покрај тоа, многу видови на диви животни (како што се некои видови пеперутки или птици) зависат од живеалишта кои се одржуваат со екстензивни земјоделски методи, како што е на пример пасење со намален интензитет или мозаичен распоред на различни видови на живеалишта во земјоделското подрачје. Сепак, растечката побарувачка за храна и за другите земјоделски производи доведе до уништување на ваквите живеалишта, со цел да се создаде простор за одгледување на монокултури.Оваа постојана загуба на живеалиштата води кон евидентно намалување на бројот на популации на видови, од кои многу се загрозени.


Се очекува дека во земјите во развој уште 120 милиони хектари природни живеалишта ќе бидат претворени во земјоделско земјиште, со цел да се задоволи побарувачката за храна до 2050. година. (WWF)

Бројни научни студии низ целиот свет укажуваат на врската помеѓу интензивното земјоделство и загубата на биодиверзитетот.На пример, исчезнувањето на дивите oпрашувачи или на колонии домашни пчелиспоред многуте студии е директна последица на широката употреба на пестициди.Покрај фактот дека изумираат, пчелите се поретко ги посетуваат земјоделсските земјишта на кои се врши интензивно земјоделство, затоа што не можат да опстанат во областите каде што нема делови од природни живеалишта, како што се шуми, ливади, жива ограда, грмушки и друго.


Студија на случај
Научниците од Универзитетот во Окланд (Нов Зеланд) спроведоа студија за утврдување на врската помеѓу интензивното земјоделство и исчезнувањето на домашните пчелни видови.Имено, научниците засадија две ливади со полско цвеќе: една во областа на земјиштето на кое се врши интензивно земјоделство, а втората во областа на земјиштето каде што земјоделството не е интензивно. По одредено време, приметиле дека популацијата на пчели кои ја посетиле првата ливада се намалила за 90%. Оваа студија покажа дека на пчелите не им е потребен сосема непроменет предел за да преживеат за и да продолжат да ги опрашуваат растенијата, но потребни им се делови од природното живеалиште. Oвие делови од природното живеалиште, денес речиси не постојат во регионите каде што се спроведува интензивно земјоделство.



Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752