ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Održiva poljoprivreda

Oдржливото земјоделско производство создадено е како потреба да се осмислат начини на земјоделско производство кои не ги деградираат природните ресурси, а кои истовремено им носат високи приноси и приходи на земјоделските производители.

Бидејќи земјоделството во голема мера зависи од услугите на екосистемите, одржливото земјоделство има за цел да ги намали негативните антропогени влијанија врз животната средина преку ефикасно користење, зачувување и подобрување на квалитетот на природните ресурси.

Зачуваните природни ресурси и подобрениот квалитет на живот во одржливите системи на производство се во служба не само на сегашните, туку и на идните генерации.

Oдржливото земјоделско производство подразбира земјоделците активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки и имаат конкретна корист од економскиот развој, добрите услови за работа и добри цени за своите земјоделски производи.

Концептот на одржливо земјоделство може да се дефинира како интегриран систем на практики за растително и сточарско производство што ги задоволуваат долгорочните човечки потреби за храна, го одржуваат квалитетот на животната средина и природните ресурси, имаат висока економска вредност и го подобруваат квалитетот на животот на земјоделците, локалните заедници и општеството во целина (FAO).


Oдржливото земјоделство опфаќа три аспекти на одржливост: социјална, економска и зачувување на квалитетот на животната средина. Aко се занемари еден од овие аспекти, се доведува во прашање одржливоста на останатите. Тоа е од суштинска важност за долгорочниот социо-економски развој на секоја земја, што е особено случај со земјите во развој, бидејќи земјоделството има силно влијание врз другите сектори на општеството и е еден од најважните столбови на благосостојбата и развојот на општеството.


Предностите на одржливо земјоделство ги чувствуваат сите – од земјоделските производители кои остваруваат директни економски придобивки и подобар пристап до пазарот, преку економијата и зголемениот профит поради производство на квалитетни производи, до потрошувачите кои на пазарот можат да изберат квалитетна, безбедна и здрава храна.

ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

РАЗВОЈ НА
РУРАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Ниското интензивно земјоделско производство, квалитетните прехранбени производи, традиционалните занаети и руралниот туризам би можеле да бидат камен-темелник за одржливиот рурален развој низ целиот Западен Балкан.

РАЗВОЈ НА РУРАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Одржливото земјоделство влијае на развојот на руралната економија. Со унапредувањето на знаењата и со зајакнувањето на капацитетите на заедниците во руралните подрачја за премин наодржливо земјоделство, се создава потенцијал и за развој на други економски активности кои се потпираат на неа. Последниве години, посебно внимание му се посветува на потенцијалот "одржлив рурален туризам" како еден од клучните сектори на руралната економија во земјите од Западниот Балкан, што придонесува за создавање на нови работни места и постигнување на дополнителни приходи.На пример, земјоделското производство со висока природна вредност, како значаен аспект на одржливото земјоделство, е тесно поврзано со создавањето и одржувањето на традиционалните области на Западниот Балкан, што претставува можност за развој не само за руралниот туризам туку и за еко-туризмот или агротуризмот.Одржливото земјоделско производство може да доведе до одржлива економска иднина и подобар квалитет на живот за руралната заедница.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Одржливото земјоделство ни обезбедува безбедна и здрава храна од природно потекло, која не само што нема негативно влијание врз здравјето на луѓето, туку и придонесува за подобрување на здравјето.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Одржливото земјоделство влијае врз подобрувањето на јавното здравје. Со ограничување на употребата на пестициди и на други хемиски супстанции што се користат во земјоделството, на руралните заедници во Западниот Балкан им се обезбедува здрава вода, чист воздух и плодно земјиште.Со ограничувањето на употребата на антибиотици и хормони во сточарското производствои со подигнување на стандардите за благосостојба на фармските животни, се подобрува безбедноста и квалитетот на храната од животинско потекло. На потрошувачите и во руралните и во урбаните средини одржливото земјоделство им обезбедува безбедна и здрава храна од природно потекло, која не само што нама негативно влијание врз здравјето на луѓето, туку и придонесува за подобрување на здравјето.

УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ
ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Многубројните методи на одржливо земјоделство им помагаат на земјоделците да го заштитат своето земјоделско производство од последиците од климатските промени.

УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Одржливото земјоделство придонесува за ублажување на последиците од климатските промени. Практиките што влијаат на климатските промени, вклучувајќи ја и обемната употреба на вештачки ѓубрива, интензивното сточарско производство, обемната употреба на пестициди и уништувањето на шумите кои се природни филтри на стакленичките гасови, не се застапени во одржливо земјоделство или се претставени во многузначително помал обем.Постојат многу различни методи за одржливо земјоделство што може да се применат за да се заштитат земјоделците од последиците од климатските промени. Некои од овие методи вклучуваат: приспособување на производството на локалните климатски услови (мешани култури или одгледување на автохтони раси), покривање наголата почва или на почвата помеѓу посевите со трева, сено или слама за подолго задржување на влагата или поставување резервоари за собирање на дождовница.

ПОДОБРЕНА БЛАГОСОСТОЈБА
НА ЖИВОТНИТЕ

Практиките на одржливо земјоделство се во согласност со потребите на животните, бидејќи не ја нарушуваат нивната благосостојба,а исто така корисни се за земјоделците и за потрошувачите.

ПОДОБРЕНА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ

Одржливото земјоделство ја унапредува благосостојбата на животните бидејќи подразбира подобри услови за нивно одгледување (на пр., поголем простор, пасење, помала густина на населеност и сл.). така на пр., животните во одржливите системи кои обезбедуваат добраблагосостојбана животните најчесто се поздрави, со намалена смртност, користење на ветеринарни лекови, а со тоа и на трошоците на производителот.Употребата на слама и на дополнителен простор за свињите може да ја зголеми стапката на пораст, а воведувањето на предмети за збогатување на средината како што се бали слама, гуми, висечки предмети и слично може значително да ја намали појавата на гризење на ушите и опашките, со што се намалуваат трошоците на производителот. Слично на тоа, во споредба со кравите со висока продуктивност, кравите со пониска продуктивност се поздрави, поплодни и подолго живеат, што ги намалува трошоците за замена на единките и ја зголемува продажната цена на телињата.



Top