истражување на капацитетите на ocd

Istraživanje kapaciteta OCD

Истражување на капацитетот на граѓанските организации во Западниот Балкан


Процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија подразбира голем број на предизвици во областа на одржливото земјоделство и заштита на природата. Граѓанските организации можат значително да помогнат во справувањето со овие предизвици, со оглед на нивната позиција "мост помеѓу граѓаните и надлежните институции" и присуство во локалните заедници. Меѓутоа, за да можат својата улога во процесот на европската интеграција успешно да ја реализираат, граѓанските организации мора да поседуваат одредени способности како што се: организациска и финансиска одржливост, експертизи, видливост и поддршка во заедницата, препознавање од страна на надлежните институции, вмрежување и капацитет за јавно застапување.

Во јуни 2016. година беше спроведено истражување на капацитетите на граѓанските организации во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. Целта на истражувањето беше да се процени капацитетот на организациите на граѓанското општество во пет земји на Западниот Балкан. Истражувањето опфати 652 граѓански организации во земјите на Западниот Балкан, кои првенствено работат во областите на одржливото земјоделство и заштита на природата. Истражувањето беше спроведено во две фази: првата фаза на истражување на on-line информации и интернет презентации на здруженија и втората фаза на истражувањето на капацитетите за јавно застапување на избран примерокод 200 граѓански организации.

Врз основа на ова истражување дизајнирана е програма за обука и распределба бесповратни финансиски средства на граѓанските организации на Западниот Балкан (Grant & Training Programme).

Најзначајни заклучоци:

1. Распределбата на граѓанските организации е нерамномерна

Постои нерамномерна дистрибуција на граѓански организации во регионот. Во Црна Гора, повеќето граѓански организации може да се најдат во северните и централните делови на земјата. Во Албанија и Македонија, повеќето организации, особено оние со големи буџети, се наоѓаат во главните градови. Во Србија, особено во Косово, организациите доминантно се наоѓаат во одредени области на земјата (главниот град, заедно со уште некои градови и општини), а тоа остава помалку развиен граѓанскисектор во областите со земјоделството во другите земји.

2. Финансиската одржливост на граѓанските организации е слаба

Истражувањето покажа дека околу 58% од граѓанските организации имаат годишни буџети помали од 5.000 EUR; 15% од организациите имаат буџети од 5.000 до 10.000 EUR; додека 11% од организациите имаат буџет од 10.000 до 20.000 EUR. Само 16% од организациите се означени како финансиски одржливи со годишни буџети над 20.000 EUR и повеќе извори на финансирање, вклучувајќи ја и Европската Унија. Само 4% од организациите во пет земји од Западниот Балкан имаат буџет од над 100.000 EUR годишно.

Ниската финансиска одржливост е најзначаен проблем во работата на граѓанските организации во земјите на Западниот Балкан. Ограничените можности за финансирање се мотив некои од овие организации да реализираатпроекти кои не се тесно поврзани со нивната мисија, за да обезбедат краткорочен финансиски опстанок. Финансиската неодржливост и ограничените резултати на јавното застапување се резултат на недостатокот на стратешко планирање и експертиза што доминира меѓу организациите со годишен буџет под 10.000 EUR.

3. Капацитетот на организациите за стратешко планирање е ограничен

Иако постојат некои специфичностиво врска со поединечните земји, општо земено, капацитетот за стратешкото планирање на граѓанските организации кои работат во областа на земјоделството и заштитата на природата, е тесно поврзан со износот на нивните годишни буџети.

Организациите со годишен буџет помал од 10.000 EURнајчесто немаат јасно дефинирани мисии, програми,те. специфични области на работа, туку се посветени на подигнување на свеста за широкиот спектар на теми. Организациите чиј годишен буџет е од 10.000 до 20.000 EUR имаат јасно дефинирани стратешки избори, а нивните проекти во голема мера се во согласност со нивните мисии. Од друга страна, организациите со годишен буџет од над 20.000 EUR обично имаат јасно дефинирана мисии и стратешки цели, те. добро развиени програми кои обработуваат ограничен сет на проблеми. Интересно е тоа што и покрај тоа што Црна Гора е најмалата држава во регионот во однос на бројот на жители, граѓанските организации кои работат во областа на земјоделството и заштитата на природата во однос на бројот на населението, најразвиени сетокму во Црна Гора.

4. Потребно е да се развие капацитет за јавно застапување кај граѓанските организации

И капацитетот за јавна застапеност на граѓанските организации е во тесна врска со висината на нивниот годишен буџет.

Така, активностите на јавното застапување на организациите со годишен буџет помал од 5.000 EURсе однесуваат првенствено на јавните собири и предавања, како и на волонтерските акции. Организациите чиј годишен буџет е помеѓу 10.000 и 20.000 EUR имаат поголем фокус на програмските активности, а некои се во можност да се вклучат во процесот на донесување одлуки на локално ниво и на проектите за јавна застапеност. Организациите со годишен буџет над 20.000 EUR имаат високо развиени капацитети за јавно застапување. Меѓутоа, имајќи предвид дека само 16% од организациите спаѓаат во оваа категорија, заклучокот е дека, општо земено, капацитетите за јавно застапување се релативно слаби.

5. Политичката средина е во развој, но постојат механизми за соработка на организациите со државата

Политичкото опкружување за работата на граѓанските организации сèуште е во развој. Во сите пет земји постојат државни институции посветени на развојот на граѓанските организации. Инструментите на јавното финансирање постојат во сите земји, но се користат во различен обем. Локалните самоуправи, како и министерствата задолжени за земјоделството и/или заштитата на животната средина, во сите земји се во позиција да ја финансираат работата на граѓанските организации.

Најсилната политичка поддршка за работата на граѓанското општество приметна е во Црна Гора. Од друга страна, во Албанија, еден од главните проблеми за граѓанскиот сектор е регистрирањето на граѓанските организации. Поради тешките и сложени процедури регистрирани се само ограничен број на организации, се претпоставува дека во земјата има најмалку 8.000 граѓански организации, од кои само 6.800 се регистрирани.



Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752