истражување на ставовите на граѓаните

Istraživanje stavova građana

Истражување на ставовите на граѓаните за граѓанските организации и за одржливото земјоделство во Западниот Балкан


Граѓанските организации играат многу важна улога во процесот на европските интеграции, на кои им се посветени сите земји од Западниот Балкан. Тие ја испитуваат и следат ситуацијата и придонесуваат за развој и унапредување на политиките и прописите, односно за нивната примена, ги едуцираат и мотивираат граѓаните да се самоорганизираат и да соработуваат во заеднички интерес, те. да постигнат конструктивен и структуриран дијалог со јавните институции.

Во јуни 2016. година, се спроведе Истражување на ставовите на граѓаните за граѓанските организации и за одржливото земјоделство во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово со цел да се дознае што мислат граѓаните за граѓанските организации во земјите од Западниот Балкан, дали имаат доверба во нив, што знаат за одржливото земјоделство и која е улогата на организациите во промовирањето на одржливо земјоделство. Истражувањето беше изработено набаза на телефонско интервју со 820 испитаници по земја, на возраст над 18 години.

Најзначајни заклучоци::

1. Поддршката на организациите на граѓанското општество е умерена.

Истражувањето покажа дека граѓанските организации кои работат во областа на одржливото земјоделство, најголема поддршка уживаат во Црна Гора, што се гледа во процентот на посакувани одговори на речиси сите прашања поставени во рамките на истражувањето. Повеќето испитаници во сите пет земји од Западниот Балкан знаат што се организациите на граѓанското општество, но само околу 1/3 лично познава некој кој е активен во таква организации. Околу половина од граѓаните ги поддржуваат, а половина не ги поддржуваат организациите на граѓанското општество.

2. Поделеное мислењето на граѓаните во врска со финансиска поддршка на граѓанските организации.

Повеќе од половината граѓаните на Црна Гора, Србија и Косово сметаат дека државата треба да го намали износот на даноците кои ги плаќаат граѓанските организации кои се занимаваат со промоција на одржливото земјоделство. Меѓутоа, приближно еднаков е бројот на граѓани кои се изјасниле дека финансиски би ја поддржале работата на некоја организација и на оние кои тоа нема да го направат.

3. Граѓаните имаат мала доверба во ефикасноста и влијанието на граѓанските организации во развојот на одржливото земјоделство.

Кога ги прашале дали сметаат дека работата на граѓанските организации во областа на одржливото земјоделство е корисна, повеќето испитаницисметаат дека е воглавно корисна, односно дека не е корисна ниту пак штетна. Влијанието на организациите за решавање на клучните проблеми во областа на одржливото земјоделство според мислењето на мнозинството на граѓаните е мало.

4. Граѓаните недоволно ја познаваатулогата на граѓанското општество.

Испитаниците како главна улога на организациите во промовирање на одржливото земјоделството изјавиле: истражување и идентификација на глобалните проблеми, промоција на меѓународната соработка и размена на искуства и обука на земјоделските производители, сепак, ретко избраните одговоривклучиле спроведување на јавни кампањи и поддршка на Министерствата за земјоделство во стратешкото планирање и изработката на политики.

5. Граѓаните недоволно познаваат што е одржливо земјоделство.

Тоа најчесто се идентификува со: земјоделско производство кое е еколошки безбедно, земјоделско производство кое им овозможува опстанок и профит на малите и средни производители, земјоделско производство коеги почлитува прописите од областа на безбедноста на храната, односно масовно производство на евтина храна која затоа им е достапна на економски ранливите категории на потрошувачи. Одржливото земјоделство помалку се идентификува со одгледување и заштита на локалните видови и сорти на земјоделски култури, а благосостојбата на животните како аспект на одржливото земјоделство е особено препознато во Србија (6,3%), додека во другите земји, помалку од 3% од граѓаните го избраа овој одговор.



Top