улогата на ocd

Uloga OCD

ЈАКО И АКТИВНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО - МЕХАНИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОМЕНИ


Секое општество е општество со различни спротивставени, па и конфликтни интереси, каде граѓаните како поединци најчесто не се во состојба да ја извршат посакувана промена од општ интерес. За да се слушне нивниот глас, граѓаните мора да бидат организирани околу заедничките проблеми и мора да имаат начин заеднички да ја застапуваат идејата за промените што сакаат да ги постигнат. Граѓанското општество го обезбедува овој механизам.

Терминот "граѓанско општество" подразбираорганизирани граѓани, кои се собираат околу заедничките потреби, интереси и вредности, кои преку своите активности и акции настојуваат во својата заедница да внесат квалитетна промена која е од општ заеднички интерес за граѓаните и граѓанките. Една од клучните карактеристики на граѓанското општество е неговата одвоеност од другите два сектори на општеството: државата и економијата (приватниот профитен сектор). Затоа е широко признаено како неопходен "трет" сектор на општеството.

Организациите на граѓанското општество се доброволни и независни форми на организирање на граѓани, кои не се дел од владината структура, а чија цел е да ги заштитат интересите на одредена група на граѓани или на општеството во целина.

Организациите на граѓанското општество вклучуваат: здруженија на граѓани, фондации, донации, синдикати, професионални здруженија, верски организации, поголеми национални малцинства, политички партии, спортски здруженија и неформални групи.

Постои широк спектар на улоги на граѓанското општество. Една од важните улоги е тоа што од позицијата на независност во однос на државата, на неа влијае, преку активностите во областа на анализата на јавните политики и прописи, а потоа предлагања и јавно застапување на различни решенија со цел подобрување на јавните политики и прописи. Покрај тоа, организациите на граѓанското општество ги следат и регулираат активностите на државата во контекст на примената на јавните политики и регулативи, односно однесувањето на нејзиите службеници и промовирање на принципите на добро владеење, како што се транспарентноста, ефикасноста и ефективноста, отвореноста, инклузивноста, реактивноста и одговорноста.

Исто така, улогата на организациите на граѓанското општество е да влијаат на културата на општеството, за да можат позитивните општествени промени дазаживеат во секојдневниот живот на граѓаните, да се применуваат подобрените политики и прописи,а граѓаните активно да учествуваат во развојот на општеството. Организациите го поттикнуваат граѓанскиот активизам преку поврзување на граѓаните или на поедини групи на граѓани и помагајќи им да ги идентификуваат и артикулираат своите вредности, верувања, потреби и однесувања, односно да бидат поцелосно вклучени во политиката и во социјалните случувања.



Top