GRANT & TRAINING - ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ

GRANT & TRAINING - ZDRAVLJE I DOBROBIT MALIH PREŽIVARA

Проектот „Јавно застапување во областа на здравјето, продуктивноста и благосостојбата на малите преживари во руралните области на регионот Ѓирокастра во јужна Албанија" го реализираше здружението „Royal Albania Foundation“, од Албанија, со поддршка од своите партнери.

Целта на проектот е диверзификација на системот и зголемување на производството на храна, со цел остварување на безбедноста на храната во регионот на Ѓирокастро преку зајакнато и одржливо одгледување на мали преживари и подобрена политичка рамка во оваа област. Проектот се фокусираше на потребата од контрола и елиминација на три заболувања на малите преживари (антракс, бруцелоза, агалакција) кои се чести во јужна Албанија, а покрај здравјето на животните, го загрозуваат и здравјето на луѓето.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

1. Подобра заштита на здравјето на животните и луѓето преку вакцинирање на малите преживари против болестите кои се заеднички за животните и луѓето

  • - Четирите стратегии за здравје и благосостојба на животните се креирани за четири општини од регионот Ѓирокастро во јужна Албанија, врз основ на спроведеното истражување и во консултација со клучните актери. Целта на стратегиите е утврдување на мерките за контрола и искоренување на трите болести на малите преживари кои се заеднички за луѓето и животните (антракс, бруцелоза, агалакција).
  • - Коалицијата на клучни чинители е создадена поради застапување на мерките содржани во стратегиите. Членовите на Коалицијата, вклучувајќи ги и граѓанските организации, приватните ветеринари, земјоделските производители, преработувачите на млеко и другите чинители, потпишаа меморандум за разбирање и се обврзаа дека ќе ги застапуваат мерките содржани во стратегиите пред носителите на одлуки.
  • - Сите овци во регионот Ѓирокастро се вакцинирани против бруцелоза, како резултат на кампањата за јавно застапување и работата на Коалицијата во текот на 2018 година. Направени се планови за вакцинирање на мали преживари против антракс во областите со жаришта.

2. Зајакнување на капацитетите на земјоделските производители, граѓанските организации и вклучување на медиумите во кампањата за подобра заштита на здравјето на животните и луѓето во Албанија

  • - Обуките за членовите на коалицијата и новинарите за јавно застапување, лобирање и заштита на здравјето и благосостојбата на малите преживари беа организирани за да се зголеми успехот на кампањата за јавно застапување. Новинарите кои учествуваа на овие обуки продолжија да пренесуваат и дистрибуираат информации за важноста на вакцинирање на животните, за болести кои се заеднички за луѓето и животните.
  • - Обуките за земјоделските производители за заштита на здравјето и благосостојбата на малите преживари се организираат со посебен фокус на младите и жените во руралните области. Овие обуки придонесоа за информирање на земјоделските производители за важноста на вакцинацијата, како мерка за превенција на појава на болести кои се заеднички за луѓето и животните.
  • - Обуки за претставниците на Регионалните земјоделски директорати и локалните самоуправи на тема изработка на стратегии за здравје и благосостојба на животните, важноста на предложените мерки и начинот на нивна имплементација. За голем број учесници на овие обуки (особено ветеринарите), ова беше прв пат да учествуваат на слични обуки на оваа тема.

Проектот го реализираше организацијата „Royal Albania Foundation“ од Албанија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводен од организацијата ORCA (Србија).

Превземете ја проектната постер презентација.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на здружението.

*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово



Погледајте ги нашите успешни приказни!

Podsticanje mere u poljoprivredi

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

подетално
Održivost malih gazdinstava

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ

Координатор на проектот:

Асоцијација на земјоделци, Србија

подетално
Komasacija zemljišta

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО

Координатор на проектот:

Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

подетално
Kompostiranje

КОМПОСТИРАЊE

Координатор на проектот:

Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

подетално
Organska poljoprivreda

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Координатор на проектот:

Здружение "Феномена", Србија

подетално
Obnova tradicionalnog pejzaža

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ

Координатор на проектот:

Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

подетално
Potrošači u srcu poljoprivrede

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Координатор на проектот:

„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

подетално
Od polja do stola

OД НИВА ДО ТРПЕЗА

Координатор на проектот:

Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија

подетално
Upravljanje navodnjavanjem

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)

подетално
Top