МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - АКТИВНА АГРО-ЈАВНОСТ

Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

Партнери:
Маслинарското друштво„BOKA“ и Здружението на приватни сопственици на шуми и земјоделци од Херцег Нови

Целта на проектот "Активна агро јавност" беше да придонесе кон воспоставување на одржливо управување со зелениот отпад од земјоделското производство во регионот на Бококоторскиот залив, преку активно учество на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки, спроведување на политики и прописи на локално ниво и промовирање на одржливо земјоделско производство.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Унапредени локални планови за управување со отпад и мерки за одржливо управување со зелениот отпад од земјоделското производство
- Се спроведе анализа за успехот на управувањето со зелениот отпад од земјоделското производство на фармите, а резултатите од анализата се искористија при јавното застапување за унапредување на локалните планови за управување со отпад.
- Локалните планови за управување со отпад се изменети во општините Котор, Тиват и Хергег Нови благодарение на јавното застапување спроведено преку проектот, со тоа што ќе вклучат одржливо управување со зелениот отпад (компостирање).
- Изменета е Одлуката на локалните самоуправи на Котор и Тиват за мерките за поддршка на земјоделските производители. Овие две општини помеѓу мерките за поддршка ја дефинираа и мерката за поддршка на програми за одржливо управување со зелениот отпад од земјоделското производство.
- Потпишан и усвоен е Меморандум за соработка помеѓу општините Котор, Тиват и Херцег Нови и Еко Центарот ДЕЛФИН и партнерите во проектот. Со овој документ, потписниците се обврзаа да работат на подобрување на управувањето со зелениот отпад од земјоделското производство - компостирање, едукација на земјоделските производители за одржливо земјоделство.
2. Зајакнати капацитети на земјоделските производители во Бококоторскиот залив за компостирање
- Реализирана е обука за земјоделските производители за одржливо управување со зелениот отпад од земјоделското производство – компостирање.
- Систем за компостирање на своите фарми се обврзаа да воспостават 45 земјоделски производители, корисници на програмата за обука. Тие добија на подарок компостери, а во текот на воспоставување на системот на компостирање, имаа советодавна поддршка и мониторинг од страна на Еко центарот Делфин. Сите корисници успешно го воспоставија системот на компостирање, а во текот на проектот, повеќето успешно произведоа компост.
- Изработени се брошури за одржливо управување со зелениот отпад од земјоделското производство – компостирање и добрата земјоделска практика, како и прирачникот „Календар на земјоделски работи“. Овие материјали се наменети за да им помогнат на земјоделците при воспоставување на системот за компостирање.
Проектот го реализираше организацијата „Eко Центар ДЕЛФИН“ од Црна Гора, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации посетете го сајтот на здружението “Eко Центар ДЕЛФИН”
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)