МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПЕЈЗАЖ

Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

Партнери:
Културното домашно здружение "НАПРЕДАК" Горња Ластва и Маслинарското друштво"Бока" - Бока Которска.

Проектот "Обнова на традиционалниот земјоделски пејзаж за одржливо земјоделство - AGRISCAPE&MЕ" има за цел да придонесе за развојот на одржливото земјоделство преку залагање за обнова, зачувување и унапредување на традиционалниот земјоделски пејзаж, како дел од севкупниот културен пејзаж во Црна Гора.
Цел на проектот беше да придонесе за развој на одржливо земјоделство преку зачувување, регенерација и унапредување на традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора. Традиционалните земјоделски пејзажи се создавале низ историјата преку разните земјоделски активности на луѓето во одредена област. Тие придонеле за создавање на локални култури и идентитети и затоа претставуваат важен дел од културниот пејзаж и дел од културното наследство.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Модел на заштита на традиционален земјоделски пејзаж на примерот на село Горња Ластва, општина Тиват
- - Предлогот за обнова на традиционалните земјоделски пејзажи во селото Горња Ластва и искористувањето на потенцијалот на селото за одржливо земјоделство е создаден врз основа на истражувањето спроведено преку проектот. Предлогот вклучуваше конкретни препораки за обнова на традиционалните земјоделски пејзажи во Горња Ластва
- - Моделот за идентификација и анализа на традиционалното земјоделско земјиште, е создаден со вклучување на заинтересираните страни, врз основа на истражувања и примери во Горња Ластва, како почетна точка во процесот на регенерација на руралните и земјоделските области. Овој модел може да се користи и во други земјоделски области
- - Зголемена свест на граѓаните и заинтересираните страни за традиционалниот земјоделски пејзаж како важен дел од културниот пејзаж и за важноста на неговата регенерација за одржливо земјоделство
2. Подобрена правна и институционална рамка за заштита, планирање и управување со традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора
- - Препораките за подобрување на рамката за заштита, планирање и рехабилитација на традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора, се развија како дел од овој проект, врз основ на спроведеното истражување. Целта на препораките е да им се помогне на носителите на одлуки во формулирање и спроведување на сеопфатна политика за заштита на традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора.
- - Платформата за подобрување на традиционалниот земјоделски пејзаж, во која учествуваат клучни актери во областа на земјоделството, културното наследство, пејзажот и планирањето во Црна Гора, е создадена со цел јавно застапување на препораките за подобрување на традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора.
- - Тркалезната маса „Земјоделски пејзажи - вредности, тековна состојба и предизвици“ организирана во селото Горња Ластва, ја зајакна соработката на клучните актери во рамките на платформата за подобрување на традиционалниот земјоделски пејзаж во Црна Гора. Тркалезната маса отвори дијалог за културниот пејзаж, како дел од културното наследство и потребата од негово зачувување и регенерација и значително влијаеше на подигнување на свеста на клучните актери и граѓани за традиционалниот земјоделски пејзаж.
Проектот го реализира организацијата “EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој”, од Црна Гора, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводен од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете го сајтот на здружението “EXPEDITIO”.
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)