МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПОЛИТИКА

Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

Партнери:
Asocijacija za razvojne inicijative „Zenit“, Skoplje i asocijacija agro novinara „Media Plus“.

Проектот "Преминете на органско: Потрошувачите во фокусот на земјоделската политика" е насочен кон поддршка на создавање на средина за органско производство во С. Македонија, кое е во согласност со интересите на потрошувачите.
Целта на проектот е да се зајакне граѓанското општество, да се развијат препораки засновани на факти и модели на ЕУ за подобрување на политичката и законодавната рамка во областа на органското производство како дел од одржливо земјоделство. Проектот ги застапува интересите на потрошувачите во процесот на формулирање и спроведување на земјоделските политики, а во врска со тоа, ја зајакнува соработката меѓу организациите на граѓанското општество, државните институции, земјоделците и медиумите, со цел развој на органското производство и потрошувачка. Покрај тоа, проектот придонесува кон зајакнување на свеста на потрошувачите за здравствените, социјалните и еколошките придобивки од органските производи.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Подобра законодавна рамка за органско производство
- Студијата „Органска храна: поблиска до потрошувачите“ е изработена врз основ на истражување спроведено во текот на проектот со цел да се предложат мерки за стимулација на органското производство во Северна Македонија. Студијата содржи и акционен план што може да послужи како почетна точка во креирањето на нов стратешки документ на Министерството за земјоделство во областа на органското производство.
- Јавната поддршка за Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведувањето на клучните препораки содржани во Студијата, се оствари благодарение на кампањата за јавно застапување спроведена во текот на проектот. Во таа прилика беше најавена имплементација на дел од мерките, додека другите ќе бидат вклучени во идните документи на Министерството на оваа тема.
- „Органската работна група“ на Министерството за земјоделство ја вклучи и Организација на потрошувачи на Македонија, со што организацијата доби дополнителен простор да продолжи со својата работа за подобрување на политиките и регулативите за органското производство.
2. Поголема информираност на потрошувачите за придобивките од органското земјоделство и подобрата достапност на органските производи
- Мобилната апликација „Oргански пат“ со интерактивна on-line мапа е изработена за полесно да ги поврзе производителите на органски производи и потрошувачите. Апликацијата содржи функционалност за пребарување и можност за прикажување на мапа на патот за да може корисникот физички да дојде до избраниот производител или до местото на продажба на органските производи.
- Соработката и комуникацијата со органските производители во Северна Македонија е зајакната преку изработката на мобилната апликација, како и соработката помеѓу граѓанските организации, медиуми и производители во областа на промовирање на производството и потрошувачката на органските производи.
- Планот за стратешко позиционирање на органските производи на националниот пазар на храна беше изработен во тек на проектот. Овој План е наменет за органските производители како водич за подобро позиционирање и вклучува анализа на пазари, индустриски трендови на ниво на ЕУ, цели и нова пазарна стратегија што ги вклучува спецификите на органското производство.
Проектот го реализираше организацијата „Организација на потрошувачите на Македонија“ од Северна Македонија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете го сајтот на организацијата "Организација на потрошувачите на Македонија ".
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)