МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА, ПАРТИЦИПАТИВНА И ИНТЕГРИРАНА ПОЛИТИКА ЗА ВОДИ

Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)

Партнери:
Water Use Organization, Naun Panxhi, Cerrik, Water Use Organization Peqin- Kavaje, Kavaje, Water Use Organization, Cukes, Lushnje

Целта на проектот "Јавно застапување на децентрализирана, партиципативна и интегрирана политика за води" беше поддржување на промената на државната политиката за води кон децентрализирана, партиципативна и интегрирана политика за води во Албанија, која ќе стимулира вклучување на сите заинтересирани страни во оваа област подобро да се остварат локалните економски и социјални потреби, те. заштита на животната средина.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Нова децентрализирана политика за наводнување во Албанија во која се вклучени корисниците на вода
- - Програмата за управување со наводнување е изработена врз основ на истражувања за ефектите од претходните политики за наводнување. Во новата програма, централно место има соработката помеѓу општинските институции и корисниците на вода, т.е. земјоделските производители и нивните асоцијации.
- - Програмата е создадена со активно учество на сите заинтересирани страни (претставници на општински администрации, претставници на релевантни одделенија во Министерството за земјоделство и рурален развој, земјоделски производители, организации на корисници на вода и експерти за наводнување).
- - Спроведена е кампања за јавно застапување за подобрување на предлог-законот за наводнување за да се обезбеди вклучување на организациите на корисниците на вода во управувањето со наводнување.
- - Во новиот Закон за наводнување и Нацрт на националната Стратегија за наводнување вклучени се организации на корисници на вода, како претставници на интересите на земјоделските производители, кои делат дел од одговорностите во управувањето со наводнување. Ова е резултат на кампањата за јавно застапување спроведена во рамките на проектот.
2. Зајакнати капацитети на корисниците на вода за јавно застапување на децентрализираната политика за наводнување во која се вклучени организации на корисниците на вода во системот за управување со наводнување
- - Формирана е коалиција создадена од организациите на корисници на вода и AEEMC со цел реализација на кампања за децентрализирана политика за наводнување и вклучување на организации на корисници на вода во новиот Закон за наводнување и во Нацртот на националната Стратегија за наводнување.
- - Обуките за начините на добро управување со наводнувањето се спроведени за организациите на корисници на вода, земјоделските производители и надлежните институции за управување со вода и наводнување во општините.
- - Обуката за јавно застапување е спроведена за да се обезбеди поуспешна реализација на кампањата и активностите на јавното застапување за организациите на корисници на вода, земјоделските производители, претставниците на нивните организации и волонтери на АЕЕМС.
- - Прирачникот за управување со наводнување во земјоделството е изработен за да ја потенцира потребата за одржливи практики преку вклучување на локалната заедница, односно организации на корисници на вода во управувањето со наводнување на локално ниво.
Проектот го реализираше организацијата „AEEMC“ од Албанија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете го сајтот на здружението AEEMC
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово.
Погледајте ги нашите успешни приказни!

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија