ЗАПАДЕН БАЛКАН

Zapadni Balkan

ЗАПАДЕН БАЛКАН, ПЛОДНА ПОЧВА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО СО ВИСОКА ПРИРОДНА ВРЕДНОСТ


Во повеќето делови на Западниот Балкан, земјоделството е најважната гранка на економијата. Со векови наназад земјоделците го користат високиот природен потенцијал на овој регион за да ги извршуваат земјоделските активности. Ова го илустрира фактот дека 40% од територијата на Западен Балкан е земјоделското подрачје. Сточарството и земјоделството, два основни елементи на земјоделството се длабоко втемелени во традицијата на овие простори.


Западниот Балкан, со своето извонредно богатство на растителниот и животинскиот свет, е еден од најбогатите делови на Европа во однос на биодиверзитетот. Постојат голем број на ендемични видови (видови кои живеат само во Западниот Балкан) и карактеристични живеалишта, од кои голем дел се од европско или глобално значење за зачувување.

Многуте земјоделски живеалишта, кои се значајни за биодиверзитетот, создадени се преку вековните практики на традиционално пасење и на неинтензивни начини на земјоделско производство. Врската помеѓу земјоделското производство со висока природна вредност, биодиверзитетот и традиционалните предели на Западниот Балкан е многу силна. Не изненадува тоа што регионот (Југоисточна Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан) се смета за "зелено злато" и "зелени бели дробови" на Европа (ЕЕА).

Земјите на Западниот Балкан како кандидати за членство во Европската Унија постепено ја менуваат својата земјоделска политика со цел усогласување со Заедничката земјоделска политика на Европската Унија. Најголемиот предизвик што следи е да се обезбеди добро управуван процес на воведување земјоделско производство со висока природна вредност во земјите на Западниот Балкан.

Густината на населеност на различните видови на животни наведени во Црвената листа со загрозени видови е два до четири пати поголема отколку во 15 постари земји членки на ЕУ (EEA, 2010).

Многу традиционални земјоделски практики, кои имаат висока природна вредност, се одржувале преку традиција, како начин на живот во поголемиот дел од Западниот Балкан.

Кликнете на земјата за подетални информации за моменталната состојба и потенцијалот за развој на земјоделското производство со висока природна вредност

* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово

СРБИЈА Косово * Црна Гора Албанија Македонија
Top