ЗАПАДЕН БАЛКАН - Косово *

Priroda u službi poljoprivrede

Косово има површина од 10.887 квадратни километри. Најголем дел од теренот е планински, а највисокиот врв е Ѓеравица со 2.656 m. Постојат двеосновни рамнини, Метохиската котлина на запад и косовската падина на исток. Најголеми реки во Косово се Бели Дрим и Ибар. Ситница е притока на Ибар, таа е најдолга река целосно лоцирана во Косово. Косово има влажна континентална клима со медитеранско и океанско влијание, со топло лето и со студени и снежни зими. На североисток, косовското поле и долината на реката Ибар се суви и повеќе се под влијание на континенталните воздушни маси, со студени зими и многу топли лета. На југозапад, климатското подрачје на Метохија добива повеќе медитеранско влијание со потопли лета, и малку пообемни врнежи (700 mm) и обилни снежни врнежи во текот на зимата. Планинските области Проклетија на запад, Шар планина на југот и Копаоник на север имаат повеќе алпска клима, со обилни врнежи (900 до 1,300 mm годишно), кратки и свежи лета и студени зими.

Земјоделството во Косово *

Земјоделските стопанства се многу мали. Просечната големина на земјиштето по семејство е околу 3,2 ha, од кои во просек 1,6 ha е обработливо земјиште, обично фрагментирано на 6 до 8 парцели. 97% од имотот е помалку од 5 ha, додека помалку од 1% од фармите се над 10 hа. Слично на тоа, големината на стадата е генерално мала. Повеќето земјоделски стопанства кои одгледуваат говеда имаат 1-3 крави. Покрај тоа што е еден од најважните сектори на економијата, земјоделството исто така обезбедува мрежа на социјална сигурност за голем број на сиромашни и постари луѓе кои зависат од земјоделското производство.

Кликнете на земјата за подетални информации за моменталната состојба и потенцијалот за развој на земјоделското производство со висока природна вредност

* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово

СРБИЈА Косово * Црна Гора Албанија Македонија
Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752