ЗАПАДЕН БАЛКАН - МАКЕДОНИЈА

Priroda u službi poljoprivrede

Македонија се наоѓа во југозападниот дел на Балканскиот полуостров. Земјата има планинска територија (79%) покриена со длабоки сливови и долини (19%) и три големи езера (близу 2%). Планините на исток се дел од старата група на Родопските планини, додека на запад, планините се дел од младата динарска групасо највисок врв во Македонија - Голем Кораб (2.764 m). Најголемарамница е Пелагониската котлина, која опфаќа површина од 4.000 km². Македонија има три климатски зони кои се преклопуваат, исто така, ги одредуваат главните биогеографски и агро-еколошки зони: медитеранска, континентална и планинска.

Земјоделство во ПЈР Македонија

Земјоделството претставува 13% од БДП во ПЈР Македонија. Земјоделските практики се многу разновидни поради специфичната мешавина на климаата и релјефот, културата и традицијата. Во последната деценија, начинот на искористувањето и покривањето на земјиштето постојано се менуваат: шумите значително се зголемуваат, додека пасиштата постојано се намалуваат. Во исто време, просечната големина на фармата останува стабилна на околу 2,5 до 2,8 ha по фарма. Ова се објаснува со фактот дека оваа бројка претставува само приватно земјоделско земјиште на семејните имоти. Големите задруги и компании се разгледуваат одделно. Покрај тоа, пасиштата се третираат како средства од јавен интерес и затоа со нив управува Јавното претпријатие за управување со пасиштата, и како резултат на тоа, пасиштата што ги користат земјоделците не се земаат предвид во овие проценки.

Земјоделски земјишта со висока природна вредност во ПЈР Македонија

Тревните површини во ПЈР Македонија се претежно природни и полуприродни. Повеќето се наоѓаатво планинските области –Шар Планина, Бистра, Кораб, Јакупица, Сува Гора и други. Мозаичниот пејзаж со мал обем на производство се карактеризира со семејни градини, мали традиционални овоштарници, поединечни дрвја, како и лозови насади во рамките на домаќинствата. Локалните сорти сè уште се одгледуваат во семејните градини на многу екстензивен начин. Типични се и традиционалните овоштарници (воглавно круши, јаболки и сливи) и лозови насади кои се одгледуваат за сопствена потрошувачка.

Житните културисе одгледуваат интензивно и се наоѓаат во рамничарските предели со плодна почва и покриваат околу 39,7% од вкупната површина. Некои од нив се важни за околу 33 видови на птици од Анекс 1 од Директивата за птици.

Говедата, овците и козитепасат на големи површини на полуприродни и природни пасишта во планинските области речиси преку целата година. Во текот на зимата, стадата се селат во котлините на централната ПЈРМакедонија. Екстензивното чување на говедата кое се базира на испаша се практикува како од страна на индивидуалните земјоделски производители за нивна лична употреба, така и од страна на пазарно ориентираните семејни фарми. Одгледувањето на овци е полуномадско и има долга традиција во ПЈРМакедонија. Најчесто се спроведува во планинските области долж границите на северните, западните и источните делови на земјата. Најмногу се користат раси за комбинирано производство на млеко и месо.

Управување со државните пасишта во ПЈР Македонија

Речиси сите пасишта во ПЈР Македонија (особено планина) и припаѓаат на државата. Нивното управување е регулирано со Законот за пасишта (2000). Општото управување е делегираноод Јавното претпријатие за управување со пасишта (државен орган). Секоја година се објавува повик за тендер за користење на пасиштата. Корисничките права се доделуваат во согласност со природните граници и со капацитетот на пасиштето. Пасишта над 1.200 m се користат за испаша, главно, во летните месеци. Договорите се склучуваат за период од 5 години и земјоделците за правото на користење на пасиштата плаќаат надоместок по грло.

Во последно време, многу земјоделци изразија забелешки на начинот на кој се управува со пасишта. Поради недостаток на фондови, Јавното претпријатие во моментов собира само надомест од земјоделците, без спроведување на било какви мерки за да се подобрат пасиштата. Местата за пиење на вода и засолништата за животните се речиси пропаднати, а нови не не се направени. Патиштатадо оддалечените пасишта не се одржуваат и не можат да се користат. Севкупниот резултат е голема загуба за областите за пасење и за полу-природните живеалишта поради грмушките и инвазијата од дрва. (Извор: Стефанова, В., 2010 година, Пасиштата во ПЈР Македонија (Pastures in Macedonia), необјавен работен материјал).

Кликнете на земјата за подетални информации за моменталната состојба и потенцијалот за развој на земјоделското производство со висока природна вредност

* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово

СРБИЈА Косово * Црна Гора Албанија Македонија
Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752