ЗАПАДЕН БАЛКАН - СРБИЈА

Priroda u službi poljoprivrede

Србија се простира на северозападниот дел од Западниот Балкан. Терените на Србија се движат од богатите плодни рамнини во регионот на северна Војводина до варовник и речни сливови на исток и планини и ридови на југозапад. На север доминира Дунав, додека сливот на Морава ги покрива повеќето планински јужни региони. Ридестите терени покриваат 38,5% од Србија, од кои една третина е над 1000 м. Грубо може да се каже дека Србија има континентална клима на север, умерено континентална на југ и планинска клима на високите планини. Врз основа на топографијата, климата, квалитетот на земјиштето, земјоделските производствени системии социо-економскиот развој, Србија може да се подели во три широки зони, а тоа се: Војводина, централна и јужна Србија.

Земјоделството во Србија

Србија е земја со големи разлики, како во однос на квалитетот на земјиштето, така и во однос на системот на земјоделско производство и нивото на социо-економски развој. Ова е особено видливо во споредба со развиените рурални области на Војводина и маргинализираните планински рурални области на централна и јужна Србија. Земјоделското земјиште покрива околу 66% од вкупната површина на обработливо земјиште. Градините зафаќаат 3,3 милиони ha, овоштарниците 242 000 ha; и лозовите насади 58 000 ha. Трајните пасишта покриваат 28% од земјоделското земјиште. Големината на фармите во Србија е генерално помала од просечната големина на фармите во европските земји. Над 75% од приватните фарми имаат површина помала од 5 ha, а помалку од 5% имаат повеќе од 10 ha. Поради својата мала големина, повеќето од овие фарми произведуваат доволно само за сопственото домаќинството или земјоделците продаваат само мал дел од своите производи.


Земјоделството и природата на Србија се тесно поврзани со природните ресурси, традиционалните земјоделски предели и биодиверзитетот на руралните области. Системите за земјоделско производство станаа широко регионално диференцирани:


      1) Површина за одгледување на зеленчук и сточарство, која вклучува ораници и рамни површини во речните долини;
      2) Мешана земјоделска област: сточарство и овошен и / или регион со лозови насади кој се протега низ ридските терени;
      3) Регион за одгледување на стока, кој опфаќа планински области каде што доминантни ресурси се природните и полуприродните пасишта.

Земјоделско производство со висока природна вредност во Србија

Агенцијата за заштита на животната средина на Република Србија ги идентификуваше потенцијалните земјоделски површини со висока природна вредност во Србија во 2010.година. Истражувањето се базира на пристапот на ЕЕА (Европска агенција за животна средина), користејќи ги достапните национални сетови на податоци. Резултатите покажуваат дека потенцијалното земјоделско земјиште со висока природна вредност опфаќа 1.187 милиони ha (околу 20% од земјоделското земјиште). Голем дел од ова се тревни области кои покриваат околу 1 милион ha. Експертите проценуваат дека вкупната површина на земјоделско земјиште со висока природна вредност во Србија е веројатно повисока, бидејќи пристапот кон проценката не ги покрива целосното мозаичното земјоделско земјиште или земјоделските земјишта на кои живеат ретки видови.


Во Србија, земјоделските системи во плодните рамничарски области на север (Војводина) и во централните делови на земјата доминира интензивното производство на житни и на индустриски култури, како и на фармите за крави во интензивно одгледување. Во помалку плодните и претежно планинските региони во јужна Србија, земјоделските системи се поразновидни (градинарство, лозарство и производство на фуражни култури за потребите на сточарството). Методите на производство се главно со низок интензитет, интензивна работа и високо фокусирани на полуприродното производство. Фармите често имаат и шумска парцела, ретко поголема од еден хектар, првенствено заради обезбедување на огрев. Екстензивната испаша во планинските шумскипредели овозможиразвој на значајната разновидност на вегетацијата на висинските пасишта. Некои од тревните површини се користат во комбинација со екстензивната испаша и доцното косење (Његован, 2006).

Кликнете на земјата за подетални информации за моменталната состојба и потенцијалот за развој на земјоделското производство со висока природна вредност

* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово

СРБИЈА Косово * Црна Гора Албанија Македонија
Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752