ЗАПАДЕН БАЛКАН - ЦРНА ГОРА

Priroda u službi poljoprivrede

Црна Гора се наоѓа во југоисточниот дел на Западниот Балкан. Вкупната територија на земјата е 13.812 km², од кои 37% од земјоделското земјиште (главно пасишта и ливади). Природните услови во Црна Гора се карактеризираат со големи планински подрачја со препознатлив релјеф и само мали рамничарски области. Дурмитор е највисоката планина, 2.522 m. Јадранскиот брег е долг 293,5 km. Климата во Црна Гора се менува од Медитеранска до суб-континентална и континентална во многу кратко растојание и под влијание на близината на Јадранското Море и на локалниот релјеф. Во однос на биогеографските зони земјата е речиси подеднакво поделена помеѓу Медитеранот и Алпскиот регион, што покажува голем контраст во физичките услови во многу кратко растојание.

Земјоделството во Црна Гора

Во 2009 година, земјоделското земјиште покривало 37% од територијата на земјата. Земјоделството во Црна Гора е многу разновидно, од одгледување на маслинки и цитруси во крајбрежниот регион, зеленчук и лозја во централниот дел, до екстензивното одгледување на добиток, особено во северниот дел на Црна Гора. На земјоделското земјиште доминираат пасишта (324.531 ha) и ливади (126,931 ha), а заедно претставуваат 87% од вкупното земјоделско земјиште во земјата.

Обработливото земјиште и домашните градини покриваат помалку од 9% од земјоделското земјиште. Овие системи постепено се намалуваат (околу 2% од 2005 година), воглавно поради урбанизацијата и изградбата на инфраструктурните објекти. Од друга страна, површината на овоштарниците (11.899 ha) и лозовите насади (4386 ha) полека се зголемува за 7% до 9%. Земјоделството е главно работно интензивно и претставува главен или значаен извор на приход за околу 50.000 рурални домаќинства. Земјоделските практики се со многу низок интензитет. Се карактеризираат со ниско ниво на механизација и / или употреба на хемикалии. Во современите услови се смета дека ова е пречка за пазарната конкурентност. Меѓутоа, овие традиционални карактеристики на земјоделските системи, исто така, се сметаат за можност за органско производство и пласман на еколошки прифатливи производи.

Земјоделско производство со висока природна вредност во Црна Гора

Пасиштата и ливадите во Црна Гора се претежно природни и полуприродни и покриваат 450.000 хектари. Воглавно се користат во речиси сите региони и затоа можат да се сметаат за земјоделско земјиште со висока природна вредност (Markovic et al., 2010). Тие се сконцентрирани во северните и восевернозападните делови на Црна Гора. (SEAP, 2010).

Карстиниот предел се состои од централните региони на општините Цетиње и Никшиќ и опфаќа 21% од целата територија на Црна Гора. Поседува многу мал дел од обработливото земјиште (само 8% од површината), кое главно се наоѓа во поникви и депресии. Оваа карактеристика во комбинација со истакната безводност го ограничува производството на растенија (освен во Никшиќ и Граховско Поле). Најважниот земјоделски сектор во овој регион е сточарското производство, особено козарството и овчарството, на кои најмногу им одговараат карпестите пасишта. Во последните неколку години, постои мало зголемување на бројот на добиток во Црна Гора, што е веројатно поврзано со развојот на преработувачките капацитети.

Во Црна Гора, традиционалните овоштарници сè уште преовладуваат, особено во континенталниот дел на земјата. Повеќето маслинки се одгледуваат на традиционален начин, без редовно кастрење и со наизменични приноси. Во Црна Гора, планинскиот терен го ограничува земјоделското производство во долинските системи и тесниот крајбрежен појас. Терасестото производство и сувите ѕидови кои ги задржуваат камењата кои зафаќаат многу плитки површински почви се традиционални практики. Оваа добро организирана земјоделска инфраструктура е исклучително чувствивтелна за депопулација што води кон напуштање на руралните средини. Градинарското производството се изведува само во некои долини, каде се акумулирале алувијалните наслаги. Тоа е дополнително ограничено со слабите водени ресурси. Повеќето домаќинства одржуваат мали семејни парцели во близина на своите куќи за производство на овошје и зеленчук. Доминантниот земјоделски систем е екстензивна испаша на говеда, овци и кози на полуприродните пасишта.

Кликнете на земјата за подетални информации за моменталната состојба и потенцијалот за развој на земјоделското производство со висока природна вредност

* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово

СРБИЈА Косово * Црна Гора Албанија Македонија
Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752