Земјишта и пракси

Zemljišta i prakse

Земјоделски земјишта и практики со висока природна вредност.


Земјоделско земјиште со висока природна вредност е земјоделско земјиште со низок интензитет на употреба, кое го карактеризира богатството на растителни и животински видови,тоа е важно живеалиште за многу ретки и загрозени видови кои не можат да преживеат во интензивно искористената земјоделска област. Земјоделското земјиште со висока природна вредност е важно за зачувување на полуприродните живеалишта кои се сметаат клучни за богатството на растителни и животински видови во земјоделската област.


Постојат три главни видови на земјоделско земјиште со висока природна вредност (без јасно дефинирани граници меѓу нив):


      Тип 1
      Земјоделско земјиште со висок удел на полуприродна или природна вегетација (полутрајни ливади и пасишта);
      Тип 2
      Земјоделско земјиште со мозаикод различни природни и полуприродни живеалишта и со низок интензитет на користење на земјиштето (шуми, грмушки, езера и други живеалишта во рамките на земјоделското земјиште);
      Тип 3
      Земјоделското земјиште населено со ретки видови или на него живее висок процент на европските и светскитепопулации.

Земјоделски практики со висока природна вредност се интензивни земјоделски или сточарски практики, кои се изведуваат на земјишта со висока природна вредност. Тие подразбираат вообичаени земјоделски практики, како што се орање, жетва, косење, пасење, одржување на овоштарници и слично, кои се изведуваат на начин кој ги зачувува природата и биодиверзитетот.

Прочитајте повеќе за одредени земјишта со висока природна вредност, како и за практиките што се спроведуваат на нив:

ПАСИШТА И ЛИВАДИ

Пасиштата се вид на земјоделско земјиште кое се користи за сточарството за пасење на стоката, додека ливадите најчесто се користат за обезбедување на добиточна храна зазимскиот период.

ПАСИШТА И ЛИВАДИ

Овие земјоделски површини можат да имаат висока природна вредност, ако на нив не се врши интензивна машинска обработка и ако се зачувани нивните полуприродни карактеристики, те.доколку и покрај спроведувањето на одредени земјоделски практики, тие се и живеалиште на голем број на растителни и животински видови.

Pašnjaci i livade

Напуштањето на пасиштата и ливадите може да доведе до нивно исчезнување, имајќи предвид дека тие се полуприродни видови на земјиште, создадени и одржувани од човекот. Без косење и присуството на животни, кои со пасењето го контролираат развојот на вегетацијата, пасиштата и ливадите зараснуваат и исчезнуваат со голема брзина, а со нив исчезнуваат и сите диви видови кои зависат од овие живеалишта. Од друга страна, преминотна интензивното земјоделско производство или промената на користењето на земјиштето (на пр. трансформација на ливада во нива) претставува друга крајност, бидејќи со интензивирањето на земјоделското производство се губи високата природна вредност на овие важни живеалишта.


Пракси кои може да ја одржат високата природна вредност на пасиштата и ливадите:

1. Ротирачкаиспаша


  • Во случај на големи пасишта, ротирачкатаиспаша е идеална практика, која на овој тип на земјиште може да му обезбеди одржлива употреба. Оваа практика се спроведува со ограничување на одредени делови од пасиштата, со што се ограничува движењето на животните што пасат. Оградата се поместува на неколку дена (во зависност од големината на пасиштето и од бројот на животни) на другиот дел од пасиштето. Така, системот не е исцрпен, бидејќи постојано се освежува, а животните се хранат со разновидна вегетација (а не само со оние видови кои ги сакаат), што овозможува поголемо искористување на пасиштата (развој на вегетација на еден дел од пасиштето, додека животните се концентрирани во друг, ограден дел). Земјата со која се управува на овој начин добива висока природна вредност и со тек на време станува одржливо.

2. Планско косење


  • Оваа практика на управување се однесува првенствено на ливади кои се користат за одгледување на трева, која во форма на сено се користи како храна за добиток во текот на зимските месеци. За почеток на косидба се одредува датум во однос на активностите на дивиот растителен и животински свет. Овој датум зависи од локалната клима и од надморската височина, но посебно внимание се посветува на тоа датумот да биде кога пилињата и останатите младенчиња на жителите на ливадата, ќе пораснат доволно за да можат да избегаат од косата, а растенијата да созреат и да ги распрснат семињата на ливадата, со што се обезбедува дака таа и следната година ќе биде родна.
ТРАДИЦИОНАЛНИ
ОВОШТАРНИЦИ

Овоштарниците се вид на земјоделско земјиште со кое се управува со одгледување на овошје. Во однос на плантажите кои се карактеризираат со интензивно производство, овоштарниците претставуваат традиционален тип на земјиште од кое има повеќекратна корист.

ТРАДИЦИОНАЛНИ ОВОШТАРНИЦИ

Стеблата во овоштарниците меѓусебно може да се разликуваат во однос на староста, видот на овошје или сорта. Старите сорти на овошја се особено отпорни на разни болести и штетници, бидејќи во текот на процесот на еволуција развиле соодветни одбранбени механизми. Поради тоа, во овие системи поретко се користат хемиски препарати како што се пестициди или вештачки ѓубрива. Овоштарниците се важен дел од пејзажот на Западниот Балкан. Придружната вегетација на овоштарниците е дом на многу видови диви животни, и во оваа смисла, овоштарниците имаат големо влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот.


Tradicionalni voćnjaci



Практики кои можат да одржат висока природна вредност на традиционалните овоштарници:

1. Избегнувајте на палење на сено или дрвја во овоштарникот


  • Покрај тоа што палењето на било кој дел на овоштарникоте опасно поради можноста за ширење на пожари на околните земјоделски земјишта или на природните екосистеми, оваа практика е опасна и за самиот овоштарник. Контролата на ширење пожари е дискутабилна, особено во ридесто-планинските области, каде што често нема водоснабдувачка мрежа,а каде се најзастапени овие овоштарници. Со избегнувањето на оваа практика, се овозможува користење на овоштарниците и за други цели освен за одгледување на овошје, на пример, за пасење на стоката или за одгледување на трева за сено.

2. Употреба на третмани за заштита на растенијата само во екстремни околности


  • Прекумерното прскање на растенијата во овоштарникот со хемиски препарати влијае на намалувањето на неговата природна вредност. Хемиските препарати кои се користат без надзор на експерти во овоштарниците можат да доспеат во метаболизмот на растението и да се задржат во неговите плодови. Со користење на овие плодови во исхраната, луѓето индиректно можат да внесат штетни материи во својот организам. Покрај тоа, пчелите и другите опрашувачи се екстремно чувствителни на пестициди. Истражувањата покажуваат дека над 95% од пестицидите не стигнуваат до целните видови означени како штетни, туку до другите, често корисни растенија и животни.
ОРАНИЦИ

Ораниците се тип на земјоделско земјиште кое се користи за поледелски цели. На нив се одгледуваат земјоделски култури, обично житни или индустриски и фуражни култури.

ОРАНИЦИ

Многу ниви имаат граница во полето, која обично се состои од трева, грмушки и од друга вегетација, и која е исклучително важна за дивите видови на животни, кои овој маргинален дел од нивите го користат за засолниште или за гнездење.

Утврдено е дека овие граници може да доведат до зголемен биодиверзитетот на дивите видови животни и растенија во таа област. Честопати, се случува многу птици да се гнездат и во самитеораници, па затоа се изложени на ризик од машинско косење и од други земјоделски активности.


Oranice



Практики кои можат да ја одржат природната вредност на ораниците:

1. Жнеење од центарот кон периферијата и користење на уред за бркање, односно плашење на животните


  • Во оваа практика, важно е комбајнот да има дополнителен уред кој се инсталира на предната страна на машината и служи за бркање на животните од полето пред да се ожнее тој дел. Поради ова, многу е важно со жетватата дасе почне од централниот дел на полето, а потоа со комбајнот да се кружи во сè поширок појас со што им се овозможувана животните да избегаат кон периферијата. Оваа практика не му одзема дополнително време на, ниту бара дополнителен напор,а е од огромно значење за сите животни кои живеат во полињата.

2. Одржување на живи огради, грмушки и стебла на полињата


  • Одржувањето на природните елементи како што се живата ограда, грмушкитеи некои стебла на полиња е важно за да се зачува мозаичниот изглед на областа. Овој предел има висока природна вредност бидејќи го задржува богатството на растителните и на животинските видови, кои оваа мозаична вегетација ја користат за движење, одмор, исхрана или живеалиште. Оваа практика подразбира периодично кастрење на живата ограда и на грмушките на маргините на полето. Доколку на полињата има поединечни стебла, се препорачува тие да останат таму, односно да не се сечат. Со одржувањето на грмушестата вегетација се спречува ерозијата на почвата, бидејќи овие растенија имаат многу разгранет и силен коренов систем. Многу од растенијата што се дел од живата ограда имаат големо значење за луѓето. Едно од најчестите растенија во полињата е Prunus spinosa, во народот позната како трнина или дива слива. Ова растение е многу лековито, а на Западниот Балкан со векови се користи во народната медицина.


Top
Warning: Use of undefined constant sr - assumed 'sr' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 750

Warning: Use of undefined constant en - assumed 'en' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 751

Warning: Use of undefined constant мк - assumed 'мк' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/orcars/public_html/sasb-eu.org/cms/template.php on line 752