УСЛУГИ НА СНАБДУВАЊЕ
Водата, храната и медицинските ресурси се некои од многуте суровини што луѓето ги добиваат директно од различните екосистеми. Многу од услугите од оваа група придонесуваат за постоењето точно на оние производи кои се застапени на пазарот и со кои се тргува. Покрај тоа, во многуте рурални области, селските домаќинства зависат директно на овие услуги, кои им обезбедуваатсредства за живот. На тој начин, овие екосистемски услуги имаат директно влијание врз одржувањето на многу рурални заедници.
Храна
Практично сите екосистеми обезбедуваат услови за одгледување и собирање на храна, како и за лов и риболов.Oд сите услуги на екосистемите, производството на храна е единственотокое покажува постојан тренд на пораст во поновата историја. Сепак, сега се признава дека напредокот во земјоделското производство и продуктивноста често се придружени со негативни ефекти на база на природните ресурси кои ни ги обезбедуваат екосистемските услуги, меѓу кои е и храната. Понатамошната деградација на екосистемите, како база на природните ресурси потребни за земјоделството, го загрозува производствениот потенцијал на храна во иднина.
Вода
Без вода, нема ни живот. Екосистемите играат важна улога во обезбедувањето на протокот на вода и складирањето на свежа вода. Водените тела кои немаат високасодржина на соли се нарекуваат слатководни екосистеми и вклучуваат езера, реки и потоци. На глобално ниво свежата вода воглавно се наоѓа во замрзната состојба како глечер или како влага во почвата. Слатката вода не е важна само за опстанокот на луѓето, туку и за опстанокот на сите постоечки видови на животни и растенија. Житните култури, на пример, во голема мера зависат од водата. Ова е потврдено со фактот дека речиси 60% од сите подземни води во светот се користат за наводнување на земјоделските системи во кои се одгледуваат житните култури.
Медицински ресурси
Во многуте природни екосистеми растат разни видови на растенија и габи, кои обезбедуваат лекови за многу здравствени проблеми. Многу видови се користат во модерната и традиционалната медицина, како и во фармацевтската индустрија. Насекаде во светот (како во земјите во развој, така и во развиените земји) постои се поголем интерес за лековитите и ароматични (зачински) растенија во врска со нивната употреба, одгледување, конзервација и одржлива употреба. Големите тревни површини како што се ливадите и пасиштата претставуваат живеалиште за многу видови на лековити и зачински растенија. Преголемата употреба или напуштањето на овие природни екосистеми доведуваат до губење на многуте природни лекови.