ПРИРОДА ВО СЛУЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Земјоделско производство со висока природна вредност:
Концептот кој ги заштитува природата и биодиверзитетот, а во исто време обезбедува одржливо производство на храна и развој во руралните заедници.
Зошто е важен за земјоделието концептот на земјоделско производство со висока природна вредност?
Првенствено затоа што подразбира зачувување на традиционалните земјоделски системи со низок интензитет (мали и средни фарми). Многу загрозени живеалишта и видови, зависат од некои традиционални земјоделски практики кои овој концепт се обидува да ги заштити и поддржи.