GRANT & TRAINING - OД НИВА ДО ТРПЕЗА

GRANT & TRAINING - OD POLJA DO STOLA

Целта на проектот "Од нива до трпеза - канализирање на проблемите на земјоделците преку објава на изјави за позицијата и други писмени форми" беше подобрување на одржливоста на производството на малите земјоделски производители во регионот на Маврово - Ростуше и во југоисточниот регион на С. Македонија кои ги користат традиционалните методи на производство, преку препознавање на нивните потреби и проблеми и нивното разгледување со носителите на одлуки на национално ниво.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

1. Поголема флексибилност на барањата за безбедност на храна за малите земјоделски производители

  • - Изработена е „Книга со правила“ што вклучува мерки за флексибилност за традиционалното производство на сирење во Северна Македонија. Книгата со правила е изработена врз основ на истражувањето спроведено во текот на проектот и со вклучување и консултација на производителите на сирење и вклучување на експерти.
  • - Работната група за воведување мерки за флексибилност за малите и традиционалните производители во законодавната рамка, е формирана од страна на Агенцијата за ветеринарство и храна, како резултат на јавното застапување реализирано во текот на проектот. Претставникот на Slow Food е вклучен како член на оваа работна група.

2. Подобро препознавање на производите со ознака за географско потекло во југоисточниот регион на земјата како потенцијал за рурален развој

  • - Преку проектот, се спроведе Истражувањето на состојбата за производство на храна со ознака за географско потекло и национални програми за квалитет во областа на безбедност на храната. Истражувањето опфати голем број на производители преку лични посети и учество на тркалезни маси.
  • - Групата од 16 производители кои учествуваа во проектните активности, одлучи да се самоорганизира и со помош на организацијата Slow Food, да почне поинтензивно да ги застапува сопствените интереси кај Министерството за земјоделство и да го претставува богатството на својот регион.

3. Подобро разбирање на потрошувачите дека со својот избор при купување на намирници можат да влијаат на подобрување на квалитетот и безбедноста на храната

  • - Репортажи за традиционалното земјоделско производство од различни региони на Северна Македонија се изработени и дистрибуирани преку Интернет.
  • - Спроведени се две јавни кампањи со цел промовирање на традиционалното земјоделско производство на сирење во Северна Македонија, како и за промоција на купување на локални производи. Кампањите имаа голем одек кај граѓаните со преку 120.000 прегледи само на видео клиповите за кампањата.
  • - Еднодневната конференција за повеќе од 40 учесници, се одржа со цел поддршка на традиционалното земјоделско производство. Дел од конференцијата беше посветен на програмите за квалитет во областа на безбедност на храната, а другиот на спроведување на пакет мерките за флексибилност во националното законодавство, како неопходност за зачувување на традиционалните сирења.

Проектот го реализираше организацијата „Slow Food Bitola“ од Северна Македонија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).

Превземете ја проектната постер презентација.

За повеќе информации, посетете го сајтот на здружението "Slow Food Bitola".

*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово



Погледајте ги нашите успешни приказни!

Podsticanje mere u poljoprivredi

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

подетално
Zdravlje i dobrobit malih preživara

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ

Координатор на проектот:

Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

подетално
Održivost malih gazdinstava

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ

Координатор на проектот:

Асоцијација на земјоделци, Србија

подетално
Komasacija zemljišta

КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО

Координатор на проектот:

Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja

подетално
Kompostiranje

КОМПОСТИРАЊE

Координатор на проектот:

Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

подетално
Organska poljoprivreda

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Координатор на проектот:

Здружение "Феномена", Србија

подетално
Obnova tradicionalnog pejzaža

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ

Координатор на проектот:

Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

подетално
Potrošači u srcu poljoprivrede

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Координатор на проектот:

„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

подетално
Upravljanje navodnjavanjem

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)

подетално
Top