GRANT & TRAINING - КОМАСАЦИЈА ВО СЛУЖБА НА ОДРЖЛИВОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

GRANT & TRAINING - KOMASACIJA U SLUŽBI ODRŽIVE POLJOPRIVREDE

"Зголемување на земјоделското земјиште како алатка за одржлив развој на земјоделството" беше проект имплементиран од страна на здружението QSK NATYRA од Албанија со своите партнери со цел остварување на предуслови за конструктивен дијалог базиран на знаење меѓу носителите на одлуки на национално ниво и граѓанските организации, на тема зголемување на земјоделското земјиште во Албанија. Проектот ќе развие модел на комасација на пример на општината Фиер во Албанија.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

1. Развиен модел на комасација на земјишта со пример на општината Фиер во Албанија

  • Програмата за комасација на земјишта на општината Фиер, е изработена врз основа на истражување спроведено во рамките на проектот и официјално е усвоена од општината Фиер и изгласана од страна на заинтересираните страни на Националната конференција за комасација на земјиштето организирана од страна на Natyra. Денес, тоа е активен документ и модел што албанското Министерство за земјоделство и рурален развој може да го искористи и во други општини.
  • Програмата беше создадена со активно учество на сите заинтересирани страни (претставници на општинската администрација, административни единици, регионални директорати, земјоделски производители и експерти за комасација на земјиште). Над 500 луѓе учествуваа во дискусиите за нацрт-програмата.
  • Успешниот модел на земјоделска задруга во административната единица Ксара е идентификуван и претставен пред членовите на Парламентот како една од можните мерки за решавање на проблемите со фрагментација на земјиштето и вклучен во Програмата за комасација на земјиштето на општина Фиер.

2. Отворен дијалог за комасација на земјиштето во Албанија на национално ниво

  • Документот за ставот со препораки за подобрување на Националната стратегија за комасација на земјиштето, е изготвен во текот на проектот и презентиран на релевантните институции на одржаните состаноци.
  • Предлог за унапредување на Националната стратегија за комасација на земјиштето, предлог-закон за комасација на земјиштето, односно предлогот за воспоставување на институционален механизам за имплементација на мерките за поддршка на фармерите, го усвои Комисијата за производни активности и животна средина на Владата на Албанија.
  • Едногласно се изгласани Програмата за комасација на земјиштето во општина Фиер и Документот за став со препораки за унапредување на Националната стратегија за комасација на земјиштето од страна на учесниците на Националната конференција. Документите, потоа, беа испратени до собранието на Албанија, премиерот и релевантните министерства.

Проектот го реализираше организацијата „QSK NATYRA“ од Албанија, со поддршка од други партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).

Превземете ја проектната постер презентација.

*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово



Погледајте ги нашите успешни приказни!

Podsticanje mere u poljoprivredi

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија

подетално
Zdravlje i dobrobit malih preživara

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ

Координатор на проектот:

Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja

подетално
Održivost malih gazdinstava

ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ

Координатор на проектот:

Асоцијација на земјоделци, Србија

подетално
Kompostiranje

КОМПОСТИРАЊE

Координатор на проектот:

Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора

подетално
Organska poljoprivreda

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Координатор на проектот:

Здружение "Феномена", Србија

подетално
Obnova tradicionalnog pejzaža

ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ

Координатор на проектот:

Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора

подетално
Potrošači u srcu poljoprivrede

ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Координатор на проектот:

„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија

подетално
Od polja do stola

OД НИВА ДО ТРПЕЗА

Координатор на проектот:

Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија

подетално
Upravljanje navodnjavanjem

УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО

Координатор на проектот:

Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)

подетално
Top