Европски интеграции

Evropske integracije

Европската Унија преку Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), се залага за обезбедување на висок животен стандард за земјоделците, истовремено поставувајќи услови за здравјето и благосостојбата на животните, заштита на животната средина и безбедноста на храната. Европската Унија проценува дека земјоделството е клучниот сектор за одржливиот економски развој.


Европската Унија сака да обезбеди земјоделството да биде одржливо и конкурентно. За да придонесе кон постигнувањето на оваа цел, Европската Унија ги финансира земјоделците кои се ориентирани кон пазарот,односно кон производство кое ја задоволува побарувачката на потрошувачите, а во исто време ги чува природата, здравјето и благосостојбата на животните. Годишниот буџет кој Европската Унија го користи за оваа намена изнесува околу 59 милијарди евра, и го реализира преку Европскиот земјоделски гарантен фонд (EAGF) и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD).

Стратегијата на Европската Унија за биодиверзитет има за цел до 2020. година да ги спречи загубата на биодиверзитетот и загубата на услугите на екосистемите. Законодавството на Европската Унија за природата, а особено Директивата за птици и Директивата за живеалишта, се столб на политиката за биодиверзитет и правна основа за мрежата на заштитени природни добра(NATURA 2000). Исто така, според наведените директиви, земјитечленки мора да дејствуваат за да ги зачуваат загрозените живеалишта и видови во Европа.

Во директивите се наведени 57 видови на живеалишта и 257 видови кои зависат од земјоделските активности или се поврзани со различни земјоделски активности.

Концептот на земјоделското производство со висока природна вредност се предлага како еден од показателите за влијанието на земјоделството врз животната средина, видовите и живеалиштата, кои треба да се вклучат во рамките на мониторингот и евалуацијата на Заедничката земјоделска политика во периодот 2014-2020 година. Како таков, ќе се применува низ одредбите од членот 110 од предложените Хоризонталниуредби на ЗПП (Уредба на Советот (ЕС) бр. 1259/1999). Според тоа, земјитечленки на Европската Унија ќе мораат да обезбедат податоци за овој показател во контекст на рамката за мониторинг и евалуација на Заедничката земјоделска политика. Законодавниот предлог за рурален развој за периодот 2014-2020. вклучува обновување и зачувување на биодиверзитетот во подрачјата на земјоделското производство со висока природна вредност во рамките на еден од шесте приоритети на Европската унија за рурален развој.


ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 11

Земјоделството и руралниот развој

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 11 - Земјоделството и руралниот развој

Заедничката земјоделска политика на Европската Унија е една од најважните области, како во поглед на бројот на прописите со кои се регулира оваа област така и во поглед на уделот на земјоделскиот буџет во вкупниот буџет на Европската Унија. Имено, големината на буџетот на Заедничката земјоделска политика е многу висока, и изнесува нешто помалку од 40% од вкупниот буџет на Европската Унија.

Каментемелникот на земјоделската политика на Европската Унија е поделен на два столба. Првиот столб се состои од директни плаќања и пазарни интервенции, а вториот столб се однесува на политиката за рурален развој.

Директните плаќања подразбираат дека, со почитување на одредени услови (зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, безбедноста на храната, почитување на благосостојба на животните, одржување на земјиштето во добра состојба), земјоделците добиваат субвенции, без оглед на тоа со кој вид на производство се занимаваат.

Пазарните интервенции се однесуваат на интервентниот откуп и на другите форми на повлекување на производите од пазарот, поддршка на производството на одредени производи, систем на квоти, поддршка на организациите на производители (во секторот на овоштарство и градинарство). Неопходно е да се напомене дека во оваа област, како и во областа на директните плаќања, земјитечленки не можат да имаат свои националнимерки, туку станува збор за политики на ниво на Европската Унија.

Руралниот развој вклучува мерки кои се неопходни за развој на активностите во руралните средини, кои придонесуваат за зајакнување на конкурентноста на земјоделството и шумарството, подобрување на биодиверзитетот во руралните области, подобрување на квалитетот на животот, како и мерките за поттикнување на диверзификација на руралната економија.

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 12

Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 1 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

Ова поглавје ги опфаќа деталните правила во областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Системот за безбедност на храната во Европската Унија се заснова на неколку принципи: одговорност на производителите (храна, но и добиточна храна); следливост на храната (способност храната, храната за животни, компонентите на храната и животнитеда се следат низ сите фази во синџирот); примена на системот за анализа на ризик, како и примена на принципите на претпазливост кога тоа е неопходно.

Во областа на ветеринарната и фитосанитарната политика, правилата на Европската Унија ги утврдуваат правилата за внатрешна трговија и воведувањето на живи животни и производи од трети земји во секторите за ветеринарство, здравје на растенијата и исхраната на животните, истовремено обезбедувајќи заштита на јавното здравје, здравјето на растенијата и животните и благосостојбата на животните, како и безбедноста храна од животинско потекло на домашниот пазар.

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 13

Рибарство

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 13 - Рибарство

Ова поглавје за рибарство се состои од прописи кои не бараат транспозиција во националното законодавство. Меѓутоа, неопходно е воведување на посебни мерки за подготовка на администрацијата и операторите за учество во заедничката политика за рибарство, која гиопфаќа пазарната политика, управувањето со ресурси, инспекција и контрола, структурни акции и контрола на државната помош. Во некои случаи, потребно е да се прилагодат постојните договори за рибарство и конвенциите со трети земји или со меѓународни организации.

Заедничката политика за рибарство на Европската Унија вклучува прашања за искористување и управување со рибните ресурси, прашањата околууредувањето на пазарите на рибни производи, прашањата за структурната политика, следењето и контролата, како и меѓународната соработка во рибарството. Политиката на Европската Унија во областа на рибарството се реформира на секои десет години, како одговор на промените во врска со количеството на риба, како и на општата економска состојба во рибарството. Целта е на европско ниво да се обезбеди долгорочна одржлива употреба на живите богатства од морињата и да се земе предвид растечката потреба на пазарите за здравите производиод морето.

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 27

Животна средина

ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 27 - Животна средина

Политиката на Европската Унија во поглед на животната средина има за цел да промовира одржлив развој и заштита на животната средина за сегашните и идните генерации. Се заснова на превентивни активности, (според принципот - загадувачот плаќа), борба против оштетувањетово областа на животната средина на изворот на загадувањето, заедничка одговорност и интегрирање на заштитата на животната средина во другите политики на Европската унија.

Европската Унија посветува посебно внимание на прашањето на борбата против климатските промени и за оваа практично- политичка област се одвојува околу 20% од буџетот за периодот од 2014-2020. година. Новата рамка за климатската и енергетската политикана Европската Унија од 2030. година предвидува намалување на емисиите на стакленички гасови за 40% во споредба со 1990. година Главните инструменти на политиката за борба против климатските промени се декарбонизација, зголемување на употребата на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

За имплементација и спроведување на правните ефекти на Европската Унија во областа на животната средина потребни се големи инвестиции, како и силна и добро опремена администрација на национално и локално ниво. Земјитечленки мора да воспостават посебна рамка за финансиско управување и контрола, вклучувајќи и ревизија.

Top