МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING PROGRAM
ЗА ДА ЈА УНАПРЕДАТ СИТУАЦИЈАТА ВО ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН И ЗА ДА СТАНАТ ПОПРЕПОЗНАТЛИВИ ОД СТРАНА НА ДОНЕСУВАЧИТЕ НА ОДЛУКИ И ГРАЃАНИТЕ, ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ МОРА ДА СЕ ИЗГРАДАТ, ЗАЦВРСТАТ И ВМРЕЖАТ.
Поради тоа, во рамките на проектот "Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавно застапување и развој на политики на Западниот Балкан" вложени се повеќе од 300 000 EUR за зајакнување на капацитетите на граѓанските организаци на Западниот Балкан преку Програмата за обука и распределба на бесповратни финансиски средства.
Целта на нашата Програма е да обезбеди обуки, менторство и финансиска поддршка за граѓанските организаци на Западниот Балкан, да реализира успешни, видливи, партиципативни, ефективни и иновативни проекти за јавно застапување во областа на одржливото земјоделство. Проектите треба јасно и кредибилно да им ја претстават важноста и релевантноста на одржливото земјоделство на донесувачите на одлуки, граѓаните и на другите заинтересирани страни.
Програмата е развиена во согласност со Политиката на ОRCА за доделување грантови на граѓанските организации и се состои од три компоненти:
- Обука на избрани OCD за организациски развој, управување со организацијата и јавното застапување.
- Обезбедување на поддршка (coaching) во процесот на изработка на проектните предлози во областа на одржливото земјоделство.
- Доделување на грантови за 10-те најдобри проектни предлози насочени кон јавно застапување во областа на одржливото земјоделство.
За учество во Програмата, граѓанските организации од Србија, Црна Гора, Албанија, Поранешна Југословенска Република Македонија и Косово* беа повикани,во текот на септември 2016.година,да се пријават со доставување на своите проектни идеи, насочени на јавното застапување во областите на одржливо земјоделство. Независната тричлена комисија настојуваше да ги препознае оние проектни идеи кои имаа потенцијал во понатамошниот процес на изработка на целосниот предлог проект,дасе развијатво ефективни кампањи за јавно застапување во областа на одржливото земјоделство. OCD кои се избрани за Програмата наведени се во табеларниот приказ.
- 114 водечки и 169 партнерски организации вклучени во 114 проектни идеи пријавени се на конкурсот за учество во Програмата
- 48 водечки и 173 партнерски организации вклучени се во првата компонента од Програмата за обука на граѓанските организации.
- 10 водечки и 27 партнерски организации беа избрани за компонентата финансирање.
- 10 експерти се ангажирани за обука, менторство и евалуација на проектните предлози на граѓанските организации
- повеќе од 300.000 EUR се инвестирани во зајакнување на капацитетите на граѓанските организациина Западниот Балкан
ОБУКИ
Првата компонента на програмата: Обука на граѓанските организацииза организациски развој, управување со организацијата и јавно застапување се одржа во ноември и декември 2016.година за сите 48 организации кои беа избрани на конкурсот.
Три групи учесници присуствуваа на истата програма за обука на три локации: во Крагуевац, Скопје и Зрењанин.
Во текот на четирите дена, организациите можеа да учат и применуваат знаења за внатрешно управување, структурата, стратешкото долгорочно организациско планирање, како да користат истражувања за да ги поддржат своите активности, какоефикасно да ги пренесат своите резултати до посакуваната публика, како да ги следат и евалуираат резултатите и влијанието од своите активности.
МЕНТОРСТВО
По реализацијата на првата компонента од Програмата: Обуката на граѓанските организацииза организациски развој, управување со организацијата и јавно застапување, беше отворен конкурс кој ги повика сите 48 организации учеснички во Програмата, да ги пријават своите целосни проектни предлози од областа на одржливото земјоделство за финансирање.
Во процесот на подготовка на проектните предлози, на организациите им се обезбеди експертска поддршка (coaching) во рамките на другите компоненти на Програмата. Експертите во областа на пишувањето на проектните предлози, во периодот од јануари до март 2017.година, работеа со секоја организација поединечно за да ги подобрат нивнитепроектни предлози и да развијат вештини во областа на пишување на предлог проектите, вклучувајќи наративен предлог и изготвување на буџетот на проектот.
ФИНАНСИРАЊЕ
10 најдобри предлози насочени на јавно застапување во областа на одржливото земјоделство, беа избрани за компонента на финансирање, и тоа 3 од Србија, 2 од Поранешната Југословенска Република Македонија, 3 од Албанија и 2 од Црна Гора, во кои се вклучени вкупно 10 водечки и 27 партнерски организации. Листата со избрани проекти и организации, достапна е во рамките на табеларниот приказ. Организации се наведени по азбучен ред.
Проектните предлози ги евалуираше независна тричлена комисија, врз основа на објективни, јасно дефинирани критериуми кои однапред им беа достапни на предлагачите. Членовите на Евалуационата комисијата се истакнати експерти од областа на земјоделството, руралниот развој, заштитата на природата, те. развојот на граѓанскиот сектор и организацискиот развој.
Избраните проекти, покриваат широк спектар на теми како што се заштита на потрошувачите, политика во областа на управување со водните ресурси, органското земјоделство, здравјето и благосостојбата на фармските животни, националното и локалното финансирање на земјоделството, заштитата натрадиционалниот земјоделски предели и други.
Вкупниот фонд за зајакнување на капацитетите на OCD за јавно застапување во областа на одржливо земјоделство е повеќе од 300 000 EUR и ги вклучува трошоците за обука за јавно застапување и организациски развој, обезбедување на поддршка за изработка на проектни предлози(coaching) и финансирање на проекти на граѓанските организации.
* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијатаза независност на Косово.
Погледајте ги нашите успешни приказни!
СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија
ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja
ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија
КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja
КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора
ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија
ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора
ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија
OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија
УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)






