МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja
Партнери:
Doctor Veterinary in Community (DVC), Agriculture and Livestock Forum (ALF), Women’s Rights (WR)
Проектот „Јавно застапување во областа на здравјето, продуктивноста и благосостојбата на малите преживари во руралните области на регионот Ѓирокастра во јужна Албанија" го реализираше здружението „Royal Albania Foundation“, од Албанија, со поддршка од своите партнери.
Целта на проектот е диверзификација на системот и зголемување на производството на храна, со цел остварување на безбедноста на храната во регионот на Ѓирокастро преку зајакнато и одржливо одгледување на мали преживари и подобрена политичка рамка во оваа област. Проектот се фокусираше на потребата од контрола и елиминација на три заболувања на малите преживари (антракс, бруцелоза, агалакција) кои се чести во јужна Албанија, а покрај здравјето на животните, го загрозуваат и здравјето на луѓето.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Подобра заштита на здравјето на животните и луѓето преку вакцинирање на малите преживари против болестите кои се заеднички за животните и луѓето
- - Четирите стратегии за здравје и благосостојба на животните се креирани за четири општини од регионот Ѓирокастро во јужна Албанија, врз основ на спроведеното истражување и во консултација со клучните актери. Целта на стратегиите е утврдување на мерките за контрола и искоренување на трите болести на малите преживари кои се заеднички за луѓето и животните (антракс, бруцелоза, агалакција).
- - Коалицијата на клучни чинители е создадена поради застапување на мерките содржани во стратегиите. Членовите на Коалицијата, вклучувајќи ги и граѓанските организации, приватните ветеринари, земјоделските производители, преработувачите на млеко и другите чинители, потпишаа меморандум за разбирање и се обврзаа дека ќе ги застапуваат мерките содржани во стратегиите пред носителите на одлуки.
- - Сите овци во регионот Ѓирокастро се вакцинирани против бруцелоза, како резултат на кампањата за јавно застапување и работата на Коалицијата во текот на 2018 година. Направени се планови за вакцинирање на мали преживари против антракс во областите со жаришта.
2. Зајакнување на капацитетите на земјоделските производители, граѓанските организации и вклучување на медиумите во кампањата за подобра заштита на здравјето на животните и луѓето во Албанија
- - Обуките за членовите на коалицијата и новинарите за јавно застапување, лобирање и заштита на здравјето и благосостојбата на малите преживари беа организирани за да се зголеми успехот на кампањата за јавно застапување. Новинарите кои учествуваа на овие обуки продолжија да пренесуваат и дистрибуираат информации за важноста на вакцинирање на животните, за болести кои се заеднички за луѓето и животните.
- - Обуките за земјоделските производители за заштита на здравјето и благосостојбата на малите преживари се организираат со посебен фокус на младите и жените во руралните области. Овие обуки придонесоа за информирање на земјоделските производители за важноста на вакцинацијата, како мерка за превенција на појава на болести кои се заеднички за луѓето и животните.
- - Обуки за претставниците на Регионалните земјоделски директорати и локалните самоуправи на тема изработка на стратегии за здравје и благосостојба на животните, важноста на предложените мерки и начинот на нивна имплементација. За голем број учесници на овие обуки (особено ветеринарите), ова беше прв пат да учествуваат на слични обуки на оваа тема.
Проектот го реализираше организацијата „Royal Albania Foundation“ од Албанија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводен од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на здружението.
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!
СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија
ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија
КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja
КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора
ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија
ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора
ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија
OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија
УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)






