МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија
Партнери:
Центар за истражување на јавните политики, Центар за органско производство Ужице, Здружение "Органски плодови Ариље", здружение "Црвена ранка" (во име на неформалната мрежа на земјоделски производители "Slow Food Gledić"), асоцијација „Slow Food мрежа на младите во Србија“ (во име на неформалната мрежа„Slow Food Convivium Velika Plana"), Асоцијација за развој на Ибарската долина (IDA).
Проектот „Органско земјоделско производство во Златиборската, Рашката и Подунавската област" е директно фокусиран на недостатокот на мерки на јавната поддршка за органско земјоделство во централна и западна Србија, додека методолошки, проектот ги вклучува сите клучни заинтересирани страни: носителите на одлуки, земјоделците и потрошувачите.
Проектот имаше за цел да придонесе кон јакнење на капацитетите на граѓанските организации и другите клучни чинители во Рашката, Златиборската и Подунавската област, јавно да го застапуваат подобрувањето на јавните политики на локално и национално ниво во областите на органското земјоделство. Овој проект претставува вовед и доследна примена на јавните политики кои се засноваат на истражување, како и воведување на мерки за поддршка и субвенции во Рашката, Златиборската и Подунавската област.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Поголем локален буџет наменет за мерките за поддршка на органско земјоделство
- Беше спроведено истражување за придобивките за земјоделските производители од конверзијата во органско производство, а аргументите беа користени како основ за јавно застапување на локално ниво.
- Меморандумот за разбирање кој ги обврзува општините на алокација најмалку 3% од локалниот земјоделски буџет за поддршка на органското земјоделство, го потпишаа четири локални самоуправи - Крaљево, Ужице, Велика Плана и Ариље.
- Три општини (Ужице, Велика Плана и Ариље) ја исполнија својата обврска и издвоија дел од буџетот за поддршка на органското земјоделство во 2019 година, а градот Краљево планира да распредели дел од буџетот за органско земјоделство во 2020 година. Од четирите целни општини, само Ужице имаше мерки за поддршка на органското земјоделство пред овој проект.
2. Поддршка на фармерите во конверзија во органско производство
- Обуката на земјоделските производители за конверзија во органско производство беше спроведена во текот на проектот. Обуката вклучуваше проценка на капацитетот за конверзија во органското производство, информации за процесот на конверзија и сертификација, обврските и трошоците, IPARD фондовите, компостирањето, органските семиња и други теми релевантни за органското земјоделство.
- Беа организирани презентации на темите обработени на обуката со 14 учесници. На овој начин се прошири кругот на производители кои беа информирани за можностите и начините на конверзија во органско производство.
3. Органското земјоделство како дел од интеграцијата во ЕУ
- Поголем фокус на развојот на одржливо и органско земјоделство во своите препораки, вети Работната група за Поглавје 11 (земјоделство и рурален развој) од Националниот конвент за Европска унија. На завршниот настан на проектот, Феномена ги информираше учесниците на Работната група од Поглавје 11 за резултатите од проектот, а 14 учесници потпишаа меморандуми за разбирање, со обврска да се посветат на поголем фокус на развој на одржливо и органско земјоделство во своите активности.
Проектот го реализираше организацијата „Феномена“ од Србија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија) , AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете го сајтот на здружението "Феномена".
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!
СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија
ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja
ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија
КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja
КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора
ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора
ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија
OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија
УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)






