МЕНИ
Земјоделство Природа Благосостојба на животните Поддршка на државата Поддршка на граѓанското општество Улогата на OCD Јавно застапување Истражување на OCD Grant & training КонтактGRANT & TRAINING - ПОТТИКНУВАЧКИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
Здружение на граѓани “Ресурс центар” од Мајданпек, Србија
Партнери:
Тимочки клуб, здружение на земјоделски производители "Лесково", здружение на сопственици на шуми во општина Мајданпек
Граѓанското здружение "Resurs centar" од Мајданпек со своите партнери, го реализираше проектот "Одржливи земјоделски политики во програмите за субвенции на локалната самоуправа во Србија - A.S.A.P.". Проектот опфати територии на 10 општини во Тимочка Краина и Браничево, а неговата цел беше дефинирање на приоритетите и мерките што ќе се финансираат во наредната година врз основ на консултациите со корисниците на буџетите за земјоделство и рурален развој од општинскиот буџет.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
1. Локални мерки за поддршка прилагодени на земјоделските производители
- Сеопфатниот извештај за постоечките локални програми и мерки за поддршка во земјоделството во 10 целни општини, е изработен за да ги идентификува главните проблеми во врска со локалните политики за поддршка на земјоделството, за да послужи како основа за јавно застапување на подобри мерки за поддршка прилагодени на потребите на земјоделските производители.
- На тркалезната маса се собраа претставници на 10 локални самоуправи, земјоделски производители и експерти од областа на земјоделството, со цел да се анализираат и дополнат извештаите за ефектите од постоечките локални програми и мерки за поддршка во земјоделството.
- Препораките за подобрување на ефективноста на локалните програми и мерките за поддршка во земјоделството, се изработени врз основ на истражувањата и заклучоците од Тркалезната маса. Препораките ги конкретизираат мерките што треба да се спроведат, а испратени им се на носителите на одлуки на локално и национално ниво.
- Конкретни измени во Одлуките за употреба на локалниот земјоделски буџет беа усвоени во три локални самоуправи: Мајданпек, Сокобања и Кучево, врз основ на препораките на Ресурсниот центар. Овие три локални самоуправи издвоија поголеми средства за субвенции во земјоделството, ги диверзификуваа мерките за поддршка во согласност со потребите на фармерите, а фокусот го ставија на земјоделските задруги.
2. Нов механизам за создавање на одржливи земјоделски политики кои ги вклучуваат корисниците - Локална акциона група (ЛАГ)
- Една локална акциона група во Мајданпек – „Via Danubius” беше регистрирана со помош на Ресурсниот центар за времетраењето на проектот. Оваа локална акциона група опфаќа територија на три општини: Мајданпек, Кладово и Неготин и има 22 члена, вклучувајќи фармери, сточари и здруженија на граѓани.
Проектот го реализираше организацијата „Ресурс центар Мајданпек“ од Србија, со поддршка на партнери и соработници. Финансиран е од страна на Европската унија во рамките на регионалниот проект „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан: зајакнување на капацитетите на граѓанските организации зајавно застапување и развој на политиките на Западниот Балкан" реализиран од Регионалниот конзорциум OCD: IEP (Албанија), FLOROZON (Северна Македонија), AKTIV (Косово*), CZIP (Црна Гора), предводена од организацијата ORCA (Србија).
Превземете ја проектната постер презентација.
За повеќе информации, посетете го сајтот на здружението "Ресурс центар" од Мајданпек.
*Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедностна Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово
Погледајте ги нашите успешни приказни!
ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ
Координатор на проектот:
Здружение „Royal Albania Foundation“, Aлбаниja
ОДРЖЛИВОСТ НА МАЛИТЕ ФАРМИ
Координатор на проектот:
Асоцијација на земјоделци, Србија
КОМАСАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО
Координатор на проектот:
Здружение „Центар за проучување, користење и управување со природните ресурси QSK NATYRA“, Aлбаниja
КОМПОСТИРАЊE
Координатор на проектот:
Eко Центар ДЕЛФИН, Црна Гора
ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Координатор на проектот:
Здружение "Феномена", Србија
ОБНОВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЈЗАЖ
Координатор на проектот:
Oрганизациja „EXPEDITIO Центар за одржлив просторен развој", Црна Гора
ПОТРОШУВАЧИ ВО ФОКУСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Координатор на проектот:
„Организација на потрошувачите на Македонија", Поранешна Југословенска Република Македонија
OД НИВА ДО ТРПЕЗА
Координатор на проектот:
Aсоцијација за заштита, промоција и едукација за храна „Slow Food Bitola“, Поранешна Југословенска Република Македонија
УПРАВУВАЊЕ СО НАВОДНУВАЊЕТО
Координатор на проектот:
Здружение на Агро-еколошки и економски менаџмент центар (AEEMC)






